Форум на албанската жена од Тетово и ЕСЕ
Бесплатни правни услуги за жените
Тетовскиот Форум на албанската жена, во соработка со Организацијата за еманципација, солидарност и еднаквост (ЕСЕ) со седиште во Скопје, наскоро во Тетово ќе отвори Центар за правна помош кој на жените ќе им нуди бесплатни услуги. Центарот ќе работи првенствено на подигање на свеста на општеството за правата и обврските на жената во него.
Жените од Тетово во иднина во Центарот ќе можат да добиваат правна помош во решавање на семејни проблеми од различен вид: разводи, семејно насилство, поделба на семеен имот, да бидат бесплатно советувани при решавање на одредени социјални проблеми и др.
Во Центарот за правна помош е предвидено да работат еден адвокат и еден социјален работник.
Г.Ш.
|