Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 31 Октомври 2003  Донатори

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Донатори: УНДП (ПРОГРАМА ЗА МЕЃУНАРОДЕН РАЗВОЈ НА ООН)

Поддршка на локалната власт и животната средина, борба против СИДА-та и сиромаштијата

 
УНДП Македонија е дел од глобалната мрежа за развој на организацијата на обединети нации, која работи на позитивни промени и поврзување на земјите преку знењето, искуството и ресурсите, кои ќе им помогнат на луѓето да изградат подобар живот.

УНДП & помага на земјата да изнајде сопствени решенија за националните и глобалните предизвици на развојот.

Сегашните програмски активности на УНДП во Македонија се базираат на втората рамка за соработка (Цоунтрѕ Цооператион Нетњорк - ЦЦФ) за 201-2003 година и се фокусираат на две главни области: локална власт и животна средина.

Во согласност со своите зеднички цели, УНДП е исто така активна и на полето на намалување на сиромаштијата и ХИВ/СИДАта.

           
Локална власт и развој на општините

УНДП ги зближува луѓето, градејќи партнерства и пронаоѓајќи начини за промовирање учеството, одговорноста и ефективноста на сите нивоа.

Со цел да го поддржи развојот на Владата пред да го реформира системот на локалната власт, УНДП во соработка со други донатори дава совети, како и поддршка на процесот на децентрализација и зајакнување на општините во Македонија. Фокусот е ставен на инволвирање на граѓаните во процесот на одлучување, особено за поставување на приоритети за локален развој. Во фокус на интересот на УНДП во оваа област е Програмата за развој на општините, со  мултидисциплинарен пристап на локално, како и национално ниво.

УНДП помага во напорите на владата за зголемување на комјутерската писменост на населението, нудејќи пристап до компјутери, обука и можност за користење на информативната технологија како средство за егзистенција.    

                       
Животна средина

Поддршката на УНДП на секторот на животна средина во Македонија се фокусира на две области: зајакнување на политичката рамка за управување со животната средина и одржлив развој и обезбедување поддршка за имплементација на приоритетните политички цели на локално ниво. УНДП работи и на обезбедување помош на владата за исполнување на обврските кои произлегуваат од меѓународните конвенции. 
           

Намалување на сиромаштијата

Преку поддршка на мали иновативни пилот-проекти, УНДП во Македонија ги зближува владата, граѓанските организации и донаторите за координирање на нивните напори, и го охрабрува пристапот на ранливите групи до можностите за генерирање приходи. УНДП изготви детална програмска рамка за проекти за вработување од страна на општините. 

           
ХИВ/СИДА

Интервенциите на УНДП на полето на ХИВ/СИДА имаат цел да ги зајакнат капацитетите на институциите за планирање и имплементација на мултисекторните стратегии за стопирање на ширењето на ХИВ/СИДА и да го ублажат  нејзиното општествено и економско влијание.


Итни активности: Одговор на УНДП на политичката и безбедносната криза во Македонија

Освен редовните програмски активности, УНДП, во соработка со Владата на РМ, изготви различни итни програми со цел ефикасно да одговори на влијанието на конфликтот врз локалното население. Со цел зголемување на капацитетот на општествените структури во општините за обнова и помирување и обезбедување врски со подолгорочните развојни програми, УНДП поддржува неколку проекти во заедниците. 
 

©MCMS - designed by KOMA