Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Претставување

   

ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    
 

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ ДЕНИЦА 
Заштита на правата и интергритетот на жените

Невладината организација Деница од Радовиш е основана кон крајот на 1999 година со цел да се создадат услови за почитување на личноста на жената и нејзиниот интегритет, да се создаде целосна рамноправност на половите, да се унапреди положбата на жената во сите области од општествено-економскиот и политичкиот живот, да се елиминираат сите облици на насилство над жената и децата, да се интензивираат залагањата за мир, креирање на културата и мирољубивоста и ненасилството, да се зголеми работното ангажирање на жената во стопанството и другите дејности, да се афирмира културата на живеењето и да се презентира местото и улогата на жената во средствата за јавно информирање.

 „Се здруживме за да ги заштитиме правата и интегритетот на жената”, ни изјави претседателката на „Деница”, г-ѓа Златка Чачарова. „Делувањето заедно ни овозможува поголеми изгледи за успех во целите што си ги поставивме”, додаде таа.
Организацијата дејствува на подрачјето на општината Радовиш, како и на подрачјето на новите општини Подареш и Конче. Членките на здружението си поставиле пред себе една поопсежна програма која опфаќа соработка со локалната самоуправа, едукација за работа со жени-жртви на насилство, едукација за зајакнување на положбата на жената, сексуална едукација на девојките од руралните подрачја, едукација на жените и децата Роми, правна, психолошка и медицинска едукација на жената заради елиминирање на семејното насилство и уште многу други.
„Деница е една од најактивните организации во општината”, рече г-ѓа Чачарова. „Потврда за тоа се и проектите што досега сме ги работеле. На пример, нашата организација беше вклучена во проектот на СОЖМ, „Политичко јакнење на жената”, Фондацијата „Борба против глад” ни го финансираше проектот „Хигиена, а си уште работиме на проектот „Ран детски развој” што финансиски го поддржа УНИЦЕФ. Работевме на уште два проекти финансирани од МЦМС, „Психолошка, медицинска и правна помош на жени и деца, жртви на насилство” и „Сексуално воспитување на женските деца од руралните средини”. Освен тоа, Деница организираше и неколку трибини на тема „Семејно насилство и борба против него”, заврши г-ѓа Златка Чачарова.
Г.Јаковлевска

 


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 08 Септември 2001
Број 08 Септември 2001
Вовед
Настани
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Публикации
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA