|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Цивикус продолжува понатаму
Дефинирано граѓанското општество
Што е тоа граѓанско општество? Што всушност подразбираме под тој термин? Ова се прашањата на кои Националната советодавна група на ЦИВИКУС (Индекс на граѓанското општество) се обиде да даде одговор. На својот прв состанок, многубројните и долги дискусии членовите се усогласија дека под терминот граѓанско општество ќе ги подразбираат “сите формални и неформални граѓански здружувања, организации и мрежи коишто го исполнуваат општествениот простор меѓу семејството, пазарот, политичките партии и власта, а кои се здружуваат заради остварување заеднички цели и интереси”.
“Никој не го дефинира граѓанското општество кога разговара за него. Едноставно, секој поаѓа од ставот дека оној другиот го дели неговото разбирање на граѓанското општество”, вели Даниела Стојанова, член на Националниот индекс-тим, “можеби тоа беше и причината зошто на членовите на НСГ им требаше повеќе време за да дојдат до дефиницијата”.
Освен дефиницијата, членовите на НСГ ги усогласија и категориите на организации на граѓанското општество, користејќи го терминот граѓански организации, наместо невладини организации (НВО). Во овие категории се опфатени и верските заедници и синдикатите.
“Во врска со другите планирани активности, завршен е и прегледот на медумите”, додаде Стојанова. Нејзиниот прв впечаток од набљудувањето на статиите објавени за граѓанското општество во дневните весници: Дневник, Утрински весник, Време и Факти е дека тие најчесто имаат известувачки карактер. Освен дневните весници, беа следени и Форум, Актуел, како и прилозите објавени на веб-сајтот на А1 телевизија. Сепак, наодите од тримесечното набљудување (мај-јули) допрва ќе бидат предмет на анализа на Националната советодавна група.
Членовите на Националниот индекс-тим интензивно ги подготвуваат и другите две активности: примерок на заедницата, во кој ќе бидат интервјуирани 700 граѓани и регионалните советувања на кои ќе се дискутира за наодите од испитувањето на клучните личности од граѓанскиот сектор и од другите сектори за состојбата со граѓанското општество во Македонија. Индексот на граѓанското општество ќе вклучи и сегмент за социјално одговорните бизниси. Веќе се собрани информациите за 10-те претпријатија со најголеми добивки остварени во претходната година, а понатаму ќе се анализира дали и колку донирале тие во граѓанското општество.
Конечниот национален извештај се очекува да биде готов во почетокот на следната година.
Г.Ј.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|