Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Луѓе

   

луѓе: ХАЈРИЈЕ АХМЕД

Уживајте во животот и танцувајте низ него

Професионално искуство:
Програмски координатор во Фондацијата  Институт отворено општество - Маке­донија.

Ангажираност во граѓанскиот сектор:
Од 1998 до 2001 година ангажирана во “Сојузот на албанската жена во Маке­донија”, две години потпреседател на САЖМ - огранок Чаир и од 2002 година вработена во ФИООМ како координатор на програмата “Подобрување на меѓуетничките односи” во Македонија, финасирана од Фондацијата Институт отворено општество, Фондацијата Крал Бодуен и Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот.

Амбиции:
Квалитетно, навремено и ефикасно завршу­вање на обврските. Секое ново искуство е добредојдено.

Хоби и интереси:
Читање книги, слушање музика, а голем дел од слободното време е посветено на игрите и прошетките со синот. Вниманието ми го задржуваат и активностите на различните граѓански иницијативи, кои се во насока на општо добро.

Во слободното време чита:
Во работната соба с$ уште имам многу книги кои  ме чекаат да ги прочитам. Последна прочитана книга ми е “Нов живот” од Орхан Памук. Во моментов ја читам книгата “Изгубени во рајската градина” од Божин Павловски.

За време на викенди:
Викендите со задоволство ги чекам и тогаш целосно се посветувам на семејните дружења со сопругот и синот. По задолжителното утринско кафе и појадокот, ги завршувам домашните обрски. Остатокот од времето се трудам да го поминам во надополнување на сите пропуштени работи во текот на работната недела.

Најтешка одлука:
Сметам дека најголем дел од одлуките во животот ми  биле правилни. За сите нешта, планирани или непланирани, лоши или добри, си велам: “ЗДРАВЈЕ.... тоа е тоа,  с$ ќе се среди и ова е искуство за понатаму”.

Кој национален (локален) проблем го смета за особено важен:
Живееме во  држава која е во транзици­ја и на која & треба и поддршка од  самите нас - граѓаните. Тука ја гледам поврзаноста и соработката на владиниот и невладиониот сектор бидејќи за граде­ње успешно, демократско и стабилно  граѓанско општество сите заедно треба да придонесеме, секој во рамките на својата надлежност. Иако свеста и желбата уште не се разбудени  максимално, верувам дека можеме и сакаме подобри нешта. Економско-социјалната состој­ба на граѓаните, исполитизираното оп­штес­тво, меѓуетничката нестрпливост, коруп­цијата, а пред с$, невработеноста”.

Кој глобален проблем го сметате  за особено важен, и зошто:
Тероризмот и воените конфликти, како стагнација во развојот на човештвото.

Што би променила во Македонија и во светот:
Да нема војни,  конфликти, луѓето с$ повеќе да се сакаат и да се почитуваат ме­ѓу себе, без разлика на етничката и верската припадност. Посакувам Маке­донија за краток временски период да ја видам како членка на ЕУ.

Совет (порака):
Уживајте во животот и танцувајте низ него. Почитувајте го туѓото мислење, но не е задолжително секогаш и во секое време да ги прифатите туѓите ставови”.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA