Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 31 Октомври 2003  Коментар

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

Коментар

Ќуп со злато чека на крајот на информатичкото виножито

Во последниве неколку месеци се интензивираа неколку глобални иницијативи кои ги промовираат информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) во функција и на економскиот развој и на развојот на демократијата.

Меѓудржавните тела, како ООН и ЕУ, вложуваат огромни средства за поттикнување на информатичкиот развој. Слично постапуваат и државни агенции, како што е УСАИД, а и приватни донатори, како што е Институтот отворено општество. Ова коинцидира со приближувањето на Светскиот самит за информациското општество што треба да се одржи во Женева од 10 до 12 декември.

Иако тековните цени за пристап до ИКТ се најниски во историјата, а оптимизмот поттикнат од успехот на образовни проекти се шири по Африка, сепак не смееме да заборавиме дека половина од човештвото до ден-денес нема телефонирано ниту еднаш во животот (според Мајкл Мур), а популарната цена од 500 евра за компјутер (со процесорска моќ порасната според законот на Мор и со укината царина) е сепак вон дофат на голем дел од граѓаните на Македонија.

Макрополитиката на примена на ИКТ има суштинска врска со граѓанското општество, односно со прашањата за човекови права (слобода на говор, приватност, пристап до информации...) и добро владеење (транспарентност, отчетност, интелектуална сопственост...). Начинот на спроведување на преговорите за контроверзното стратешко партнерство на Владата на Република Македонија со корпорацијата Мајкрософт и третманот на реакциите (особено на граѓанската организација Слободен софтвер – Македонија) укажуваат на потребата за јакнењето на капацитетите за јавна дебата, застапување, лобирање и информирање.

Со влегувањето во Пактот за стабилност во југоисточна Европа во 2000 г. Македонија има преземено обврска до 30 октомври 2003 г. да донесе Национална стратегија за информатички развој, со која би се обезбедиле насоки и рамки во законодавството и во работата на власта. При тоа, може многу да се научи од позитивните искуства на Босна и Херцеговина и Албанија кои,  со помош на УНДП, одамна го имаат исполнето овој услов за евроинтеграција.

Во земјата веќе има никулци на иницијативи и можности. На конференцијата на здружението на информатичари ДЕКУС (13-15 октомври), асоцијацијата на компјутерски фирми МАСИТ објави дека добила над 2 милиони долари за развивање на информатичката индустрија во рамките на Проектот за конкурентност на УСАИД. Транспарентност-Македонија го има покренато изготвувањето на Законот за слобода на информации. Центарот за ИКТ „Метаморфозис“ организира јавни анкети, а и работилници за образование на новинари и носители на одлуки, од кои првата ќе се одржи 14-16 ноември. Најпосле, НВО саемот (20-22 ноември) нуди одлична можност за јавни дебати и едукативни сесии од областа на ИКТ, со учество на носители на одлуки од различните сектори.

Филип Стојановски

 

©MCMS - designed by KOMA