Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Луѓе

   

луѓе: Алберт Муслиу

Ако работите во секторот НВО, верувајте во него

Професионално искуство: Па, сум ги пробал сите сфери на таканареченото општествено орга­низирање, од државен службеник, работа од приватен, па с$ до невладиниот сектор.

Ангажирање во граѓанскиот сектор: Во гра­ѓанскиот сектор сум ангажиран повремено од 1994, додека од 2001 година сум професионално ангажиран како извршен директор на АДИ. Член сум на неколку меѓународни структури, на Извршниот одбор на Балканската мрежа за човекови права, Бордот на директорите на Европ­скиот совет за бегалци и азиланти, Ремарк-форумот на Универзитетот на Њујорк итн. Во АДИ поконкретно го покривам и Секторот за човекови права и меѓународна соработка.

Хоби и интерес: Па, од “класичните” хоби ми е слушањето музика и гледањето филмови. Со музика сум се занимавал во помладите години (и тоа успешно), таа ми остана како пасија. Сакам да патувам, да запознавам нови места, луѓе и култури, а тоа често и го правам.

Заинтересиран сум за сите активности кои го промовираат отвореното општество, така што учествувам во многу меѓународни иницијативи и активности кои ги промовираат овие вредности во различни делови на светот.

Најтешка одлука: Е, ова е ептен тешко прашање. По природата на работата што ја вршам секој ден донесувам некоја одлука, така штоа не знам која би можел да ја издвојам како најтешка.

Амбиции: Амбиција ми е да станам генерален секретар на Обединетите нации (хе, хе). Сериозно, мислам дека тоа е малку тешко, така што би се задоволил и со генерален секретар на Советот на Европа, а сон би ми било да станам пејач и да имам концерт на Вудсток со 500.000 публика.

Во слободно време читам: Го обожувам Умберто Еко, а ми се допаѓаат и хиспано-американските писатели Маркес, Сабато, Борхес и компанијата.

Каде оди во слободно време: Си седам дома, се излежувам (јадам без контрола, обожувам италијанска храна), а некогаш со пријателите одиме и на некоја пијачка.

За време на викенди: Обично на работа, а некогаш и организирам таму да ме посетат домашните, па заедно излегуваме на пица.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто: Јас мислам дека најголем национален проблем ни е недостатокот на самодоверба. Имено, ние сме релативно мала држава, имаме добро едуциран кадар и мислам дека ако ни се зголеми малку самодовербата и ако нашите луѓе преземат иницијатива, многу брзо ќе ја надминеме економската криза, која по мое мислење е најчесто генератор и на другите кризи.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто: Мислам дека дискрепанцата помеѓу развојот на богатите и сиромашните држави расте со многу брзо темпо. Државите кои се богати многу побрзо повеќе се збогатуваат, додека сиромашните поспоро се развиваат, така што јазот помеѓу нив с$ повеќе расте. Се плашам дека во тој цел систем ние никогаш не ќе можеме доволно брзо да се развиеме за да ги стигнеме другите, а тоа во подолг период ќе биде голем проблем.

Што би променил во Македонија и во светот:  Би направил еден голем базен со солена вода и би го нарекол море, така што ќе немаме проблем ни со грчки визи, нити со долги патувања до Турција или Хрватска, а сепак ќе одиме на одмор на море. Сериозно, би создал една подобра клима на меѓуетнички план и секако би се потрудил  кај нас да создадам услови младите да најдат адекватна работа и да не мораат тоа да го прават низ белиот свет. Немам јас ништо против мобилноста на младите, тоа го има низ целиот свет. Мис­лам дека е пожел­но нашите мла­ди луѓе да работат и надвор, но ми пречи кога тие одат да работат затоа што не можат да најдат работа дома, а не поради тоа што сакаат да се здобијат со нови искуства или да видат нови земји.

Во светски рамки би ја поддржал иницијативата  глобализацијата да не подразбира само полесен режим на движење на стоки или информации, туку би го олеснал и режимот на движење на луѓе. Имено, иако во светски рамки има институции кои работат на тоа да се олесни овој режим (Светската трговска организациј), од друга страна движењето на луѓето поради порестриктивни безбедносни режими е с$ потешко, што лично мислам дека е лицемерно и некоректно.

Совет/порака: Ако работите во секторот НВО, би ви препорачал да верувате во него, независно од тоа колку понекогаш некои работи ви изгледаат безнадежни и би им препорачал на младите луѓе што повеќе да се дружат меѓу себе и во тие дружби да не вметнуваат некои ограничувања или предрасуди кои ги измислиле постарите.

Никогаш не би можел: Да пијам убаво гости­варско еспресо, а при тоа да не запалам една цигара.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA