|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Кампања за борба против ХИВ/СИДА
Направи ХИВ-тест!
Во Македонија веќе четири месеци се одвива камплањата „Некои работи стануваат секојдневие, направи ХИВ-тест!”, наменета за општата популација со цел подигање на свеста за ХИВ-тестирање, а организирана од НВО Х.Е.Р.А, во соработка со организациите ЕГАЛ, ХОПС И ДОВЕРБА, како и со Републичкиот завод за здравствена заштита и Глобалниот фонд за борба против ХИВ/ СИДА, туберкулоза и маларија. Организаторот ги повика заинтересираните за тестирање да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 33 444, за да ги добијат сите потребни информации.
Кампањата има за цел да промовира бесплатно ДДСТ (доброволно, доверливо советување и тестирање), во сите советувалишта низ Македонија.
„Клиентите треба да знаат дека никој нема право да ги принуди да направиме ХИВ-тест, тоа е одлука на клиентот и тоа го прави по своја волја. Сите информации и податоци за клиентот во текот на пред и посттест советувањето се заштитени. Целта на советувањето е да се добијат точни информации за ХИВ/ СИДА, начинот на пренесување на вирусот, заштита, дали е вистинско време клиентот да направи ХИВ-тест или треба да се почека извесен период. Преку советувањето, клиентот се подготвува за разбирањето на резултатите од тестот (позитивен или негативен)” - напоменуваат организаторите на кампањата, во рамките на која е промовирано и теренско возило (бело комбе) опремено како подвижна лабораторија. На теренот се користат т.н. брзи тестови, резултатите се добиваат за 10 до 15 минути, а процедурата опфаќа преттест и посттест советување. Клиентот добива и бесплатни едукативни материјали за ХИВ/СИДА, сексуално и репродуктивно здравје и полово преносливи болести и бесплатни кондоми. Комбето кое е активно низ различни локации низ Скопје го користат четирите НВО кои опфаќаат различни целни групи: млада популација (студенти), генерална популација, како затвореници и луѓе во притвор, корисници на дрога кои инјектираат, комерцијално сексуални работници, популацијата ЛГБТ ( лезбијки, хомосексуалци, бисексуалци и трансексуалци), како и МСМ (мажи кои имаат секс со мажи, а не се идентификуваат со хомосексуалната популација) и ЖСЖ (жени кои имаат секс со жени, а не се сметаат за лезбијки) и луѓе корисници на дрога, но и оние кои се на третман и со нивните семејства.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|