Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Демократија и човекови права

   

НАСТАНИ

ДЕМОКРАТИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ПОЛИО ПЛУС: НЕЕДНАКОВ ПРИСТАП, ЕДНАКВО НА ПРЕСТАП

Капиџик, за почеток

Здружението „Полио плус - постполио група за поддршка” ја промовираше кампањата „Неедна­ков пристап, еднакво на престап”, чија основна цел е надминување на архитектонските бариери за луѓето кои се движат во колички, односно, подобрување на физичкиот пристап до јавните објекти.

 =Како што на прес-конференцијата (што на 28 септември годинава ја организираше ова здру­жение) изјави претседателот на „Полио плус”,
г. Звонко Шаврески, проектот е насочен кон обичните луѓе, како и кон Владата, локалните власти, бизнис-секторот и невладините органи­зации. Сите тие се сака да се обединат и да се промени нивната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со физички хендикеп.
- Не веруваме дека тие имаат негативна свест и дека се глуви за овој наш проблем, туку можеби едноставно само не помислиле на него. Затоа, сакаме да ги потсетиме и заедно да го решиме - рече г. Шаврески.
Проектот е финансиран од две странски влади - на Велика Британија и на Канада. На прес-конференцијата зборуваше амбасадорот на Кралството Велика Британија во нашата држава, г. Џорџ Едгар. Тој рече дека ова е важен проект, бидејќи се однесува не само на подобрување на физичкиот пристап кон јавните објекти, туку и на подобрување на јавната свест.
Првата фаза на проектот има симболично име - „Капиџик”. Таа го иницира проблемот и опфаќа медиумска кампања. Испечатени се брошура, флаери и налепници, кои ќе бидат поставени на јавните објекти кои не се пристапни за лицата со физички хендикеп, а се подготвува и веб-страница (www.polioplus.org.mk). Во оваа кампања ќе учествуваат 30 НВО од Скопје, Струга, Охрид и Битола, за кои „Полио плус” одржа семинар.
Втората фаза ќе опфати медиумско-правна кампања, а третата, издавање на магазин со наслов „Вулкан”, посветен на правата на лицата со физички хендикеп.
Прес-конференцијата заврши на симболичен начин, со потпишување на договор за соработка со кој неколку големи претпријатија се обврзуваат самите да создадат услови за пристап на хендикепираните лица во своите објекти. Засега, потпис на овој договор ставија: Заводот за вработување, Македонски пошти, QBE Осигу­рување, Електродистрибуција - Скопје, Комер­цијална банка и Стопанска банка.
М.Иванова

 


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 08 Септември 2001
Број 08 Септември 2001
Вовед
Настани
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Публикации
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA