Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Представување

   

Организација на жените Радика

Еманципирање на жените во реканскиот крај

Организацијата на жените “Радика” - Скопје е граѓанска асоцијација за афирмација и остварување на човековите и граѓанските права и еднаквост меѓу половите. Организацијата има седиште во Скопје, но има мрежа од 18 активи - Ростуше, Битуше, Велебрдо, Могорче, Скудриње, Присојница, Требиште, Јанче, Жировница, Аџиевци, Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Џепиште, Отишани, Лабуништа, Октиси, Цветово и Долно Количани, во сите населени места од реканскиот крај и пошироко, во кои членуваат 980 жени од разни националности, а претежно Македонки со муслиманска вероисповед.

Организацијата на жените “Радика” е единствена женска организација која дејствува во реканскиот крај. Основната цел на ОЖ “Радика” е целосно еманципирање на жените во реканскиот крај, преку подигнување на свеста за самопочитување и почитување на личноста на жената од нејзиното семејство и од средината во која живее. ОЖ “Радика” се бори против секаков вид насилство, се залага за продолжување на образованието на женските деца, подобрувањето на нивната економската положба и нивно вклучување во развојот и активностите на локалната самоуправа, и во целокупниот општествен живот во земјата.

Организацијата на жените “Радика” во своето постоење има спроведено бројни и значајни проекти, меѓу кои “Планирање на семејството”, “Едукација на жените гласачи”, “Иницијативи за подобар живот (вклучување на жените од реканскиот крај во активностите и развојот на единиците на локалната самоуправа)”, “Препознавање на трговијата со луѓе”.

Оваа година ОЖ “Радика” започна соработка  со граѓанската организација “Аид то Артисанс” (АТА) која се занимава со стимулирање на произвотството на рачни ракотворби и обезбедување пласман на производите.

Во Отишани и Џепиште беа организирани изложби на производи од рачно произвидство на жените од овие две села. Овој проект е еден од  најважните за ОЖ “Радика” бидејќи на овој начин се овозможува подобрување на тешката економската положба во која се наоѓаат овие жени кои претежно се со низок степен на образование. 

Во тек е реализација на проектот “Почитувајте и верувајте во мене (Едукација за правата на жените во Реканскиот крај)”, поддржан од Швајцарската амбасада и од ФИООМ Скопје. Во рамките на проектот се одржани трибини и работилници во Ростуше, Жировница, Долно и Горно Косоврасти, Могорче, Отишани и Џепиште, каде беа презентирани повеќе теми за правата на жените. Оваа едукација ќе биде реализирана во сите 18 села во реканскиот и дебарскиот крај во кои ОЖ “Радика” има свои активи.

Во мај 2004 започна и релизирањето на проектот “Борба против трговијата со луѓе како добро организиран криминал”, со под­дршка на ОБСЕ. Овој проект е продолжување на активностите што беа реализирани во претходниот проект “Едукација за препознавање на трговијата со луѓе како организиран криминал”. Во заедничка соработка со сите субјекти опфатени со програмата ќе се одржат состаноци, средби, трибини и сл. со младата популација во сите населени места, на тема “Препознавање на трговијата со луѓе како организиран криминал”.

Организацијата на жените “Радика” се наоѓа на ул. “Васил Ѓоргов” бр. 39, барака 4, во Скопје, а можете да контактирате на тел./факс: 02/322-0667, или на е-маил: озрадикаЖсонет.цом.мк. Претседателка на организацијата е Азиза Асаноска.

Д.М.  

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA