|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Истражување
Власта не води сметка за граѓаните
Во Македонија постои голема подвоеност меѓу власта и граѓаните во претходната декада, се сознанијата до кои дојде невладината организација Проектот ПЕВ за заедничка визија, во рамките на Проектот ВСП Интернационал за “Надминување конфликти и градење траен мир”.
Проектот се реализира на почетокот на годинава, преку интензивни видео и аудиозаписи со над 3.000 испитаници од 24 населени места, со цел да се утврдат оценки за демократскиот карактер на државава и рефлектирањето на кризата во различните области од животот. Според граѓаните, власта не водела сметка за проблемите и потребите на граѓаните, тие се препуштени самите на себе, а се соочуваат со енормна безработица, економска беда и социјална несигурност. Спасот од ваквата состојба тие ја гледаат во приклучувањето кон ЕУ и НАТО. Испитаниците се изјасниле дека не постои омраза или недоверба меѓу Македонците и Албанците, како ни меѓу овие и другите заедници. “Македонија им припаѓа на граѓаните”, стои во одговорите на најголем број анкетирани, кои иднината на државава ја гледаат како мултиетничко општество. На прашањето дали државава е поделено општество, 58,2 отсто одговориле дека се согласуваат со таа констатација, а 33 отсто дека е унитарна. Над 70 отсто сметаат дека законите не важат на целата територија на Македонија, а нив не ги почитуваат најголем дел од испитаниците во анкетите. Над 90 отсто одговориле дека законите ги почитуваат, пред с$ сиромашните. Граѓаните ја прифаќаат имплементацијата на Охридскиот договор, а неговите решенија како легитимни. За поголемиот дел од нив се неприфатливи оние решенија кои на глобално ниво значат воведување два службени јазици, како и официјално користење на етничките симболи.
Ж.Ѓ.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|