|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Интервју со Бардил Јашари, директор на Фондацијата “Метаморфозсис”
Државните институции немаат визија за нивната улога во развојот на информатичкото општество
Во септември, од страна на Парламентот, беше усвоена Националната стратегија за развој на информатичкото општество во чиешто изготвување, но и приближување до јавноста, учествуваше и Фондацијата “Метаморфозис”. Што нуди стратегијата во развој на граѓанското општество во Македонија?
Пред сe, Националната стратегија нуди одлична можност граѓанскиот сектор поактивно да се вклучи во изградбата на информатичкото општество во партнерство со владиниот и со деловниот сектор.
Самата имплементација на оваа стратегија ќе придонесе во развојот на сите сектори во општеството. Примената на ИКТ битно ќе го смени начинот на функционирање на ГО и ќе придонесе за поефикасно реализирање на нивните цели и мисии, а со тоа и за целокупниот развој на граѓанското општество во Македонија.
Задоволен ли сте од досегашниот степен на заинтересираност на државните институции за развојот на информатичкото општество на различни нивоа? Не. Тоа го покажаа и резултатите од нашето истражување од 2004 година (достапна на њњњ.метаморпхосис.орг.мк/ицт/истразуванје2.пдф). Се разбира дека постојат исклучоци, но општо земено, нашите државни институции немаат визија за нивната улога во развојот на информатичкото општество. Состојбата е слична и на локално ниво. Токму затоа се јави потребата за изготвување Национална стратегија за развој на информатичко општество. Тој процес го водеше Комисијата за информатички технологии при Владата на РМ.
“Метаморфозис” во рамките на своите активности има можност за увид во состојбите со комуникациските технологии во земјава. Кои се вашите сознанија за степеност на информираност во оваа сфера на граѓаните, граѓанските здруженија, за потребата од промена на постоечката ситуација? Иако придобивките од употреба на ИКТ се јасни, тие не се манифестираат подеднакво во сите сектори. Граѓанските здруженија сe уште недоволно ефикасно ги користат новите технологии. Нашето истражување (http://www.metamorphosis.org.mk/mak_vesti_detal.asp?id=312) покажува дека повеќето ГО ги користат компјутерите само за пишување текст, евентуално за табеларни пресметки и за комуникација преку интернет. Потребни се обуки за подигање на капацитетите на здруженијата за стратешко користење на овие технологии, како и кампањи за подигање на јавната свест за придобивките од ИКТ.
Фондацијата Метаморфозис преку проектот „иРајдер” (модел на мобилни консултанти за ИКТ) се обидува да ја смени оваа состојба. Во рамките на овој проект „иРајдерите” преку консултации и обуки им помагаат на ГО да изготват процедури и планови за стратешко користење на ИКТ во зависност од нивната мисија.
Во вашите простории месецов се одржа и преведувачкиот маратон на канцеларискиот софтвер “опен офис” на македоонски јазик, организиран во соработка со граѓанската организација “Слободен софтвер Македонија”. Што претставува софтверот, колку е потребен во земјава и каде с$ може да се користи? Опен офис е бесплатен софтвер за канцелариско работење со којшто се врши пишување и форматирање текст, табеларни пресметки, цртање, креирање бази на податоци и презентации. Тој ги поддржува сите општоприфатени стандарди и формати на документи.
Достапноста на бесплатниот опен офис на македонски јазик ќе обезбеди поголема можност за граѓаните кои не го владеат англискиот јазик да ги користат придобивките на модерните технологии. Со оглед на тоа дека овој софтвер може секаде слободно да се користи и дистрибуира, тој претставува одлична алтернатива на користењето пиратизиран комерцијален софтвер со слична намена.
Опен офис е достапен и на албански, на турски,на хрватски, на српски и др. јазик ( http://www.openoffice.org). Во рамките на еден регионален проект во кој сме вклучени и ние, се предвидува преведување на опен офис на ромски јазик.
Го издадовте првиот број од Водичот за информатичките и комуникациските технологии ИКТ во соработка со Панос од Лондон, пред претстојаната втора фаза на Светскиот самит за информатичко општество. Какви информации содржи билтенот и на кој начин може да се дојде до нив? Водичот содржи основни информации за начинот на кој е организиран и функционира интернетот, како и други практични информации. Исто така, се објаснуваат дилемите коишто постојат во светот околу начинот на управување со интернет. Водичот е достапен на македонски и на албански јазик во печатена и во електронска форма (www.metamorphosis.org.mk/ICT/vodich1_mk.pdf ).
Кои се другите актуелни програми и проекти што се спроведуваат од страна на Фондацијата и кој с$ може и во какви форми да ги користи? Поголемиот дел од нашите проекти се поддржани од ФИООМ. Метаморфозис всушност и настана преку осамостојување на програмата за информации на ФИООМ. Од проектите коишто ги реализираме би сакал да го издвојам проектот „е-локална самоуправа” кој предвидува развој на општински услуги достапни преку интернет, а има за цел зајакнување на односите помеѓу граѓаните и локалната власт. Проектот се имплементира во сораборка со УСАИД/МДВ (УСАИД/МДЊ).
Исто така, да напоменам дека постојано е отворена можноста за вклучување ГО во проектот „иРајдери”.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|