НАСТАНИ
ДЕМОКРАТИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ДОБРОТВОРНА АКЦИЈА
Училиштен материјал за децата-бегалци
Неколку невладини организации - АРТ Форум, Рубикон и ИАРЕС иницираа акција за собирање стари учебници, училишни чанти и ранци, книги и друг училиштен материјал, како и зимска облека и обувки, наменети за децата-бегалци од местата зафатени со воените судири во нашата држава. Акцијата се одржа во неделата, на 23 септември годинава, во Скопје, во дворот на гимназијата „Јосип Броз - Тито”. Во текот на целиот ден, граѓаните на Скопје носеа предмети на овој собирен пункт. Иако во оваа акција немаше речиси воопшто одѕив од фирмите кои работат со ваков материјал (со исклучок на една приватна фирма), многу граѓани дојдоа и донесоа ученички торби, ранци, боички, моливи, обувки и топла облека и најразличен училишен материјал. Организаторите на оваа акција изразија задоволство од одѕивот на граѓаните. Сета собрана помош планираа да ја дистрибуираат во некој од колективните центри каде се сместени бегалците од кризните подрачја во нашата држава.
|