Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Демократија и човекови права

   

ОБУКА ЗА РАКОВОДЕЊЕ СО КРИЗИ 
Како да се справиме со евентуалните кризи?

Во перидот од петти до осми септември, годинава, во Скопје се одржа обука на тема „Раководење со кризи”, којашто беше спроведена во соработка со Church World Service и Македонскиот центар за меѓународна соработка. Обуката беше намената за претставници на локални НВО коишто работат на спроведување активности поврзани со кризата.


Програмата на обуката се состоеше од два дела - раководење со кризи (ризици и катастрофи, подготовки за катастрофи, одговор на катастрофа и олеснување на последиците од катастрофи) и вториот дел за раководење со проектниот циклус (пишување проекти, извештаи, набљу­дување и оценка).
За текот на обуката и за новите знаења зборуваа самите учесници. Најчестите коментари што можеа да се слушнат беа „вашето знаење беше доволно за мене да научам многу; сите предавања и дискусии беа добри; ми помогнаа да се стекнам со нови знаења што ја засегаат оваа област; ме направивте да размислувам подобро и повеќе за справување со катастрофи и ризици; одлични материјали”.
„Пред една година се приклучив на работата на Меѓаши како координатор-волонтер. Имав задача да ги организирам работите за бегалскиот камп во Радуша. Се работеше за психосоцијална помош на децата. Тоа беше моето прво искуство со, еден вид справување со кризи. Кризата во Македонија ја поминувам со слични активности. Им помагам на привремено расе­лените бегалци, односно деца, кои се сместени по семејства. Им помагам да се тргнат од стресот на војната. Стекнатите знаења од обуката ќе ги пренесам на моите колеги во мојата органи­зација. Меѓаши има намера да ангажира дополнителен број волонтери и секако дека ова мое искуство и ним добро ќе им дојде” изјави Александар Пешев, од Меѓаши, за текот на обуката и за стекнатото искуство.
Слична беше изјавата и на Вегим Етеми, од Ел хилал: „Во Ел хилал сум од почетокот на кризата во Косово. Се грижев за косовските бегалци, ги регистрирав на граничниот премин Блаце, каде што тогаш ситуацијата беше најкритична. По извесно време започнав да работам на проекти. Ова е нешто ново за мене. Сум присуствувал на неколку семинари, но на ниеден сличен на овој. Ова наше ново искуство добро е да го имаме. Да го имавме него пред започнување на кризата во Македонија, сигурно дека многу подобро ќе знаевме како да работиме уште од самиот почеток. Моите нови искуства се и нови искуства за сите од Ел хилал”, ни рече Вегим во текот на обуката.
Маја Дилберова од Организацијата на органи­зациите на жените на Македонија (ООЖМ) на оваа обука учествува по покана од МЦМС. Досега таа немала активности поврзани со несреќи. „За првпат сум на ваква обука. Убаво е искуството да знаеш како да се справиш во случај на несреќи. Ова е немирен регион, а ООЖМ сега е побогата со теоријата за справување со кризи, што мене ми ја овозможија МЦМС и одличните обучувачи”, истакна Маја.
Учесници на обуката беа претставници на НВО застапени во локалната НВО хума­нитарна координација: Првата детска амбасада во светот „Меѓаши”, Сојузот на организациите на жените во Македонија, Ел хилал, Организацијата на жените Скопје, Организацијата на организациите на Македонија, Ромската организација на жените на Македонија „Даја”,  Еколошкото друштво „Натира”, Црвениот крст на Македонија и МЦМС.
Обучувачи беа двајца претставници од американскиот Church World Service.
Д. Медароски

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 08 Септември 2001
Број 08 Септември 2001
Вовед
Настани
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Публикации
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA