НИК ЛИСТ
Ревитализација на Скопската чаршија
Во организација на НИК „Лист”, на крајот на март се одржа дводневен семинар за новинари, на тема „Ревитализација на старата Скопска чаршија”. Семинарот го поздрави градоначалникот на Скопје, г. Ристо Пенов, кој истакна дека е добро што невладиниот сектор се обидува да пополни една празнина која одговорните органи не успеаја да ја исполнат, а како резултат на што скопјани се повеќе се оддалечуваат од ова атрактивно градско јадро.
Семинарот го финансираше фондацијата „Конрад Аденауер”, а на него зборуваа г. Лабин Томовски од Заводот за заштита на спомениците на град Скопје, г. Никос Чаушидис, асистент на Филозофскиот факултет во Скопје, м-р Звонко Џокиќ од Центарот за хумани релации, г. Гоце Дртковски од „Лист”, г-ѓа Олга Чоланчевска од „Урбис”, архитект ангажиран во проектот за реконструкција на Чифте-амам, г. Дрито Касапи, уметнички директор на Детскиот театарски центар, г-ѓа Јулија Тричковска од ИКОНОМОС, г. Никола Глигоров, директор на Скопско лето и г. Климе Бабунски.
|