Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 31 Октомври 2003  Луѓе

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

луѓе: Анета Шијакова

Луѓето ги паметат повеќе чувствата од зборовите

Професионално искуство: Дипломиран новинар, уредник во ТВ Тера, дописник на ТВ Канал 5, тренер за односи со медиумите, на Македонскиот институт за медиуми.

Ангажирање во граѓанскиот сектор: Претседател на граѓанската организација „Граѓански патеки“ во чиј фокус на интерес се  човековите права, владеењето на правото и демократизацијата. Портпарол на  Коалицијата „Сите за правично судење“, поддржана од ОБСЕ, набљудувач на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ. По минатогодишниот претседателски мандат, Шијакова е дел од бордот на „Ротаракт клубот“ Битола.

Хоби и интереси: Дигитална фотографија.

Најтешка одлука: Одлуките кои носат акција сами по себе се тешки, но лесните не нудат предизвик. Има луѓе кои гледаат на работите и се прашуваат: „Зошто?“. Јас велам: „Зошто да не?!“. Сепак, тоа подразбира пресметан ризик, што за мене е сосема различно од избрзување.

Амбиции: Дипломатија... деталите ќе и ги препуштам на иднината, а во меѓувреме продолжувам со постдипломските студии по меѓународна политика.

Во слободно време чита: Сега го читам последното издание на Македонскиот институт за медиуми „Македонија: конфликтот и медиумите“ - осврт на начинот на кој медиумите од различни земји, реагираа и известуваа за време на конфликтот во 2001 година, репрезентирајќи го иститот, но и формирајќи го јавното мислење. Ме интересира и стратегијата на САД за контрола врз меѓународниот криминал.

Каде оди во слободно време: На кино, театар... и се разбира на кафе на „Широк Сокак“ во Битола.

За време на викенди: Викендите, како комбинација на службеното и приватното, обично ги минувам во Скопје или Охрид, а во зима повремено и на Маврово или во Грција.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто:
Македонија е дел од опкружувањето и ги дели проблемите на регионот кои ја погодуваат Европа. Охридската регионална конференција во мај како иницијатива на НАТО, ОБСЕ и ЕУ согласно со Пактот за стабилност со фокус на прашањето на границите ја потврди потребата од отворени, но ефективно контролирани, сигурни граници, есенцијални за справување со шверцот и прекуграничниот организиран криминал. Европската вокација на регионот е јасна, заради што европските стандарди се природен избор на земјите кои претендираат во ЕУ.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто: Прекуграничниот, односно транснационалниот организиран криминал е закана за целиот свет. Тој ја поткопува демократијата, го исцрпува државниот капитал, го забавува развојот на стабилните општества, нарушувајќи ја нивната безбедност. Тероризмот, трговијата со луѓе, дрога и оружје, корупцијата и огромниот прилив на неконтролиран профит од криминални дејствија, перењето пари, финансискиот криминал или криминалот во високата технологија се закана за стабилноста на демократските институции и слободните пазарни економии. Правниот систем во голем број земји не е доволно подготвен за борба против нив поради недостиг на средства, ограничени овластувања при водењето на истрагата или поради корупција. Оттука, меѓународните напори за владеење на правото во пракса се се’ понеопходни.
                                                           
Што би променила во Македонија и во светот: Хоксли рекол: „Делот од вселената кој сигурно можеме да го поправиме сме ние самите“. Кога сите би го сториле тоа, никој не би морал да го спасува светот. Затоа немам визија да го променам светот, туку својата мисија повеќе ја гледам во подигнување на јавната свест во Македонија во тој правец.

Совет/порака: Луѓето можеби нема да се сеќаваат што точно рековте или направивте, но секогаш ќе паметат како ги натеравте да се чувствуваат.

Никогаш не би можела да:  Да се откажам од нешто што навистина сакам да го постигнам,  пред да се обидам, повторно и повторно.

 

©MCMS - designed by KOMA