ИЗБОР
ЕУ ФИНАНСИРА ПРОЕКТИ ЗА РОМИТЕ
Партнерски фонд за Ромите
Европската унија го промовира Партнерскиот фонд за Ромите, на 26.01.2001 година, во Романија, преку една од нејзините ФАРЕ-програми. Целта на Партнерскиот фонд за Ромите е да се спонзорира партнерството меѓу јавните локални институции (на пример училишта, совети и слично) и невладините организации кои поседуваат искуство во работењето со ромските малцинства.
Всушност, фондот има за цел да ги натера јавните локални власти целосно да се ангажираат во решавањето на проблемите во нивните ромски заедници - преку партнерство со локалните претставници на Ромите. Се очекува овие партнерства да прераснат во практични механизми за решавање на меѓуетничките проблеми. Партнерскиот фонд за Ромите бара иновативни идеи на ниво на заедниците. Примери од овој тип, кои треба да се поддржуваат, се следните: - пробни активности кои јавните локални власти се согласуваат да ги инкорпорираат во нивниот иден буџет; - активности кои им носат приходи на ромските семејства; - активности кои го подобруваат односот меѓу заедниците на Ромите и јавните локални власти; - активности кои го подобруваат односот меѓу Ромите и мнозинското население во заедницата; - мали профитабилни земјоделски проекти; - рециклирани проекти кои ќе прераснат во одржлив бизнис, под покровителство на локалните власти; - активности кои го подобруваат капацитетот на асоцијациите на Ромите. Партнерскиот фонд за Ромите е дел од ЕУ-ФАРЕ-програмата РО9803.01 (Подобрување на положбата на Ромите во Романија), во соработка со владата на Романија и РГАР (Работна група за асоцијација на Ромите). Уште една компонента на оваа програма е развој на националната стратегија за ромското население во Романија со различни министри од владата на Романија и со претставници од РГАР. (Regional News CEE-SEE-NIS 2001)
|