ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МИА
За денови на безбедна љубов
На денот на вљувените - Свети Валентин (15 февруари), младите ја изразија желбата сите денови да бидат денови на љубовта, но на безбедната љубов. Тоа беа дел од пораките на кампањата против СИДАта, организирана од Македонската интеретничка асоцијација (МИА). Повеќе средношколци од Скопје одржаа демонстрација во центарот на Скопје, придружени од парадниот оркестар на АРМ и повеќе естрадни ѕвезди. Младите апелираа за користење кондоми и за други начини на заштита, за едукација и за надминување на предрасудите кон оваа опасна болест. За време на овој настан, МИА ја додели и наградата „Срце за поддршка“, за медиумската поддршка на кампањата за заштита од СИДАта во 2002 година, на Телевизијата Канал 5, односно на водителката на емисијата „Суперишка“, Ана Зафирова.
М.И.
|