Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Представување

   

ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    
 


ЈА САКАМ ПРИРОДАТА – ГО САКАМ ЖИВОТОТ
Универзалниот јазик на природата

Минатиот месец, граѓанскиот свет на Македонија го дополни уште една нова, перспективна невладина организација „Ја сакам природата – го сакам животот”. Оваа организација ќе се бави со едукација на населението, особено на најмладите, за природата, и со јакнење на свеста за животната средина. Но, во нејзината работа ќе има несекојдневно нешто...


- Идејата за основање едно вакво здружение е повеќегодишна. Љубовта спрема децата и спрема природата, за време на целиот мој професионален живот, ме повикуваше да направам нешто за нив, да се обидам да оставам нешто трајно меѓу нив. Мојата професија, наставник по биологија, ми ја нудеше и си уште ми ја нуди можноста најголемиот дел од времето да го поминувам со децата и со природата. Така, пред 13-тина години, се роди мотото кое сега претставува и име на нашата организација. Уште тогаш размислував како трајно да ги зближам децата со природата. „Фосилното” размислување дека ученикот треба да го засака предметот, лично, не го прифаќав. Наместо тоа, ученикот, уште од неговите први школски денови, треба да се научи да ја сака природата. Мислев дека ако секое дете насади по едно дрвце, тоа ќе роди нов живот. Учебникот можеби ќе се промени, можеби ќе биде заборавен. Дрвцето е вековно. И да нагласам нешто... Сите наши сегашни или идни проекти ќе го носат истото име, „Ја сакам природата - го сакам животот” – ни кажа Милунка Пејоска, претседател на организацијата.
Сегашниот проект кој го носи, претпоставувате кое име, се очекува да биде реализиран за околу три месеци. Финансиската конструкција на проектот којашто изнесува околу 45.000 германски марки, си уште не е завршена, но се очекува и тие проблеми да бидат надминати. Проектот е филмувана сторија на, како што ни рече менаџерот на организацијата Александра Настеска, универзален јазик, односно без зборување, туку само со слика и со музика во позадината. За другото – нека е изненадување, ни додаде Александра.
Организацијата, засега, брои десетина активни и околу 200 други членови, а се застапени сите етнички, религиски и национални припадности во земјава. Во неа членуваат деца од предучилишна возраст до пензионери.
Д.М.


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 05 Јуни 2001
Број 05 Јуни 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Представување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA