МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ Канцеларија на омбудсман
Во Министерството за финансии на Република Македонија од неодамна функционира Канцеларија на омбудсман. Тоа значи дека секој граѓанин, здружение или фирма кои имаат одредени поплаки или приговори на работата на Министерството и неговите службеници, можат за се обратат до Омбудсманот за да ги остварат своите права. Граѓаните, организациите или фирмите кои сакаат да се обратат до Омбудсманот, треба да подготват документација за нивниот случај и писмена жалба или барање. Канцеларијата на омбудсманот во Министерството за финансии врши прием два пати месечно, а задолжително е претходно да се договори средбата, на телефонот 02/106-268.
|