Биљана Стевановска

Би ја променила ниската еколошка свест во Македонија

Професионално искуство:
Како инженер по биохемија, професионално работам на заштита на животната средина на програми во повеќе домашни и меѓународни организации и институции.

Ангажирање во граѓанскиот сектор
Од 1991 година сум член на Еколошкото друштво Опстанок, бев генерален секретар на Движењето на екологистите на Македонија, а од 1998 г. сум директор на ОРТ - здружение за информации, обука и одржлив развој. Соработник сум на Федерацијата на независните синдикати за сообраќај на Македонија и бев член на првото собрание на МЦМС и на Комисијата за избори.

Хоби и интереси
Скијањето ми внесува енергија и радост, иако последниве 2 години во редуцирана форма, поради намалениот снег. Скијам од четвртата година, во домашните скијачки центри.

Најтешка одлука
Не можам да издвојам некоја карактеристична.

Амбиции
Успешен менаџер. Магистерска титула.

Во слободното време чита
Модни списанија и книги од областа на биохемијата.

Каде оди во слободното време
Кај другарките дома, или со нив во кафуле (а кога имаме многу за разговор, одиме во Градскиот парк).

За време на викендите
Доколку не сум на работа (а тоа е почесто), одмарам мрзеливо дома, или ја средувам собата.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто?
Ниската свест и немање чувство за грижа за заедницата на сите жители на Македонија е пречка за напредок кај нас. Тоа се гледа насекаде, од некултурното туркање во редица на каса во супермаркет, влегување на шалтер преку ред, до хаотичното возење на автомобилите или фрлањето ѓубре од тераса. Тоа го има во претпријатијата каде што вработените се незаинтересирани за напредок, туку само за искористување на ресурсите, додека менаџерите немаат ориентираност кон квалитет и стандардите и др.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?
Големото загадување на природата со молскавична брзина е проблем што го мачи човештвото, но никој тоа сe уште не сака да го прифати. Иако неколку светски истражувачки ценри алармираат, речиси сите луѓе мижат незаинтересирано за лошиот живот што го имаат.

Што би променил/а во Македонија и во светот?
Ниската еколошка свест, нагонот за да се наштети на секој што работи добро, разликата меѓу богатите земји и тие што страдаат за леб

Совет/порака
Сакај се себеси, имај чувство за потребите на другите, помогни им на другите, учи за сопствено унапредување колку можеш повеќе и секојдневно.

Никогаш не би можел/а
Засега нема нешто што не сум можела да сторам. Во иднина, ќе видиме.