Заврши Младинската кампања за толеранција

Заедно за младите

Заврши двегодишниот проект “Младинска кампања за толеранција - Заедно за младите”,  финансиран под програмата КАРДС на ЕУ, а управуван од Европската агенција за реконструкција и спроведуван со партнерство на Британскиот совет, Граѓанската фондација и Интеркултурниот центар. Корисник на проектот беше владината Агенција за млади и спорт.

Проектот имаше за цел да ги зближи младите од различни етнички и општествени припадности, и да го развие заедничкото разбирање преку различни активности. Од ноември 2004 до август 2006 година во него беа вклучени 15.000 млади луѓе, кои директно учествуваа во активностите на проектот. Младите луѓе од 15 до 24 години, но и целото општество беа целната група, а  активностите беа реализирани преку спроведување јавни информативни кампањи, а со цел да се зголеми свеста за толеранцијата и да се намали етничката недоверба, иницирани беа заеднички теми што ги засегаат младите, но и целото општество, а поддржано беше и спроведувањето на Националната стратегија за млади. Организирањето на денот на Националниот младински парламент имаше за цел да помогне во кревањето на гласот на младите за младинската политика.

Приоритет им беше даден на обуките наменети за новинари кои известуваат за теми што  ги засегаат младите, како и на осознавањето на сегашната природа на младинските организации, но и на нивниот потенцијал како невладини организации со цел да развијат национална младинска коалициска платформа како што е дефинирано во статусот на Европскиот младински форум.

Спроведувачката стратегија на проектот „Младинска кампања за толеранција - Заедно за младите” опфати и блиска соработка со младински мрежи, младински ориентирани невладини организации и други мрежи фокусирани на младите, медиумски претставници, како и Министерството за образование.                                                  

А.Т.

Петиција

Меѓаши против Партијата за братска љубов, слобода и разновидност

Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, ја поддржа холандската организација за заштита на децата - „Фоундатион Профит фор тхе Њорлд’с Цхилдрен” и нивната акција за собирање потписи за петиција за забрана на работата на Партијата за братска љубов, слобода и разновидност, легализирана од страна на  судот на Холандија. Членовите на Амбасадата со писменото обраќање во јавноста го искажаа својот став дека легализацијата на партија којашто ги застапува интересите на педофилните е опасност за безбедноста на секое општество, а особена опасност за безбедноста на децата.

„Сметаме дека програмските цели на оваа партија, кои поддржуваат симнување на легалната возрасна граница кај децата за сексуални односи, легализирање на детската порнографија, па дури и легално прикажување и промовирање насилна порнографија, се спротивни на духот на Конвенцијата за заштита на правата на детето. Исто така залагањето на Партијата за овозможување деца на возраст од 16 години да се занимаваат со проституција и да се појавуваат во порнографски филмови е во спортивност со Конвенцијата за забрана на најлошите форми од злоупотреба на детскиот труд бр. 182 донесена на Конференцијата на Меѓународната организација на трудот. Истата е ратификувана од Холандија во 2002 година, а досега ја ратификувале 161 земја, меѓу кои и Македонија” -  стои, меѓу другото, во обраќањето, со напомена дека во членот 3 од Конвенцијата, користењето, продукцијата и нудењето деца за проституција, за продукција на порнографија се дефинира како една од најопасните форми на злоупотреба на детскиот труд.

Меѓаши смета дека Холандската влада треба да ги сочува вратите затворени пред манипулација со правата на детето и да не дозволи легализација на една од најопасните дела по правата на детето (сексуална злоупотреба/педофилија), која  директно е поврзана со злоупотреба, а многу малку со сексуалната слобода.  Холандскиот линк  за потпишување на петицијата е хттп://њњњ.нокиддингклаагтаан.ну/форм/усе/петитие/форм1.хтмл , и

хттп://њњњ.нокиддингклаагтаан.ну/форм/усе/петитие/форм1.хтмл

К.Б.