Европска комисија
Повик за поддршка
Европската комисија бара предлози за поддршка во промовирањето на правата на малцинствата и борбата против расизмот и ксенофобијата. Таа ќе поддржи активности како што се примената на правните и административните лекови, лобирање за промени во законот и административни практики, активности за подигање на свеста по прашањето за дискриминација на кастите и слично. Граѓанските организации во Македонија можат да доставуваат проекти кои ја покриваат ЈИЕ, додека граѓанските организации од БиХ и СЦГ (земјите кои се цел на ЕИДХР) се исто така можат да аплицираат со национални проекти. Финансирањето за ЈИЕ е 400 000 евра. Краен рок за аплицирање е 12 април, 2005 година. Комплетните упатства и документите за аплицирање се достапни на http://europa.eu.int/comm/europeaid/cgi/frame12pl.
Т.Х.
|