„Чиста енергија - сончева енергија“

Здружението на граѓаните Проактива од Скопје, во рамките на проектот „Сонцето - нашата иднина“, ја издаде од печат публикацијата „Чиста енергија - сончева енергија“. Во неа се застапени општите информации за сончевата енергија, за можните начини за нејзино искористување и претворање во топлинска и електрична, како и информации за сончевиот потенцијал во Република Македонија.

Проектот се реализира со цел да ја промовира сончевата енергија, нејзината поголема примена кај нас, бидејќи станува збор за бесплатна енергија при чие користење не се загадува животната средина.

Во реализација на „Чиста енергија - сончева енергија“ учествуваа ЕД Светлина од Неготино и Етерна солар од Скопје, а проектот беше поддржан од националниот грант на Регионалниот центар за заштита на животната средина - канцеларија во Македонија со финансиска поддршка од Данското министерство за животна средина и енергија.