Можност за непрофитните организации
За успех во собирање средства, награда од 5.000 долари

Фон­дацијата за развој на граѓанското општество Унгарија (ЦСДФ Унгарија) и Фондрајзинг компетенс груп Гмбх (Фундраисинг Цомпетенце Гроуп ГмбХ), воведуваат нова награда за прославување на успехот на собрани средства во последните години и за промовирање на најдобрите практики на новите не­­профитни сектори во Централна и во Југоисточна Европа (ЦЈЕ). Целта на оваа иницијатива е да ја подвлече неопходноста од собирањето средства од поединци за кредибилитетот, независноста и одржливоста на непрофитните организации. Добитникот ќе биде награден со 5.000 американски долари, а парите ќе може да ги искористи за различни организациски цели. Подобни за наградата се сите организации од ЦЈЕ и новите независни земји, регистрирани единствено како непрофитни, а кои во периодот помеѓу 1 февруари 2003 година и 15 септември 2005 година воделе најмалку една кампања за собирање средства. Организациите треба да го пополнат и испратат формуларот за аплицирање по електронски пат на адресата: ањардЖцсдф.ху, нај­доц­на до 17.10. до 16 часот)

Во организација на ЦСДФ Унгарија и Ресурс алијанса (Ресоурце Аллианце), од 08 до 11 но­ември 2005 година, во Будим­пеш­та, ќе се одржи 10-тата работилница за собирање средства на Централна и за Источна Европа. Работилницата претста­ву­ва регионален форум за подобрување на капацитетот на не­профитните организации за мобилизирање средства и ресурси за свои цели. Церемонијата на наградување ќе се одр­жи на завршната пленарна сед­ни­ца на овој настан. За повеќе информации, посетете ја  конференциска веб-страница: www.csdf.hu/worlshop2005 или http://www.ctf.hu/index.d2?target=open&id=87&languag 


 

Награда “д-р Ерхард Бусек СЕЕМО 2005”
Бранкица Петковиќ добитничка на наградата за разбирање

Организацијата на медиумите од Југоисточна Европа СЕЕМО од Виена,  која претставува мрежа на уредници, ме­диумски директори и водечки новинари од овој дел на Европа, наедно и огранок на Меѓународниот институт за медиуми, & ја додели наградата за подобро разбирање во Југоисточна Европа - “д-р Ерхард Бусек СЕЕМО 2005” на Бранкица Петковиќ, шеф на Центарот за меди­ум­ска политика при Институтот за мир од Љубљана, Словенија, и главен и одговорен уредник на печатените вер­зии на Медија воч (Медиа Њатцх) и Медија воч журнал (Медиа Њатцх Јоурнал). Таа наедно е и автор на голем број статии за медиумското претставување на малцинствата, со посебен фокус на ромското мал­цинство во Словенија. Петковиќ, која работи како новинар од 1986 година, е избрана поради нејзиното долгогодишно новинарско работење во Југоисточна Европа. Една од главните причини за наградата е улогата на Петковиќ во напорите да се подобри статусот на малцинските групи и граѓаните во медиумите во Југоисточна Европа, работа ко­ја резултирала со подобро разбирање на малцинствата во регионот и подигнување на свеста за нивните проблеми. Новинарката работела и како обучувач на курсевите наменети за новинари Ро­ми. Наградата од 2.000 евра му се доделува секоја година на по еден новинар, уредник, медиумски директор или на лич­ност која едуцира новинари во Ју­го­ис­точна Европа, кои преку медиумите промовираат атмосфера на подобро раз­би­рање меѓу луѓето во регионот и работат на конечното ставање крај на проблемите со малцинствата, етничките поделби, расизмот, ксенофобијата итн.

 

Повик за апликаци
Пракса во Европскиот центар за малцински прашања

Европскиот центар за малцински прашања (ЕЦМИ) од Фленсбург, Германија, прибира апликации за позиција на стажисти во раз­лич­ни периоди: од јануари до март (краен рок: 30.09.2005 г.); од април до јуни (краен рок: 31.01.2006 г.); од јули до септември (краен рок: 30 април 2006 г.); од октомври до декември (краен рок: 31 јули). Работните места на стажистите не се плате­ни и обично траат три месеци. Тие ќе би­дат сместени во седиштето на ЕЦМИ во Флен­сбург, или во локалните канцеларии во Тблиси, во При­­штина и во Скопје.

Цен­тарот посочува дека стажистите ќе учес­твуваат во истражување и администра­ци­ја на тековни проекти на ЕЦМИ, под ра­ко­водство на одговорен истражувач на ЕЦМИ. Во зависност од профилот, ста­жи­с­тот ќе може да работи во следните области: акцискоориентирани проекти; електронски мапи; право; и, публикации. Заинтересираните можат да аплицираат доколку испратат писмо за аплицирање со препорака на програмата, кратка биографија и контакт. За сите прашања, пишете на електронската адреса на Мај-Брит Рисбјерг Хансан на: хансенЖецми.де