ПРОМОЦИЈА

Проекти на граѓанските организации во Македонијаж

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 23 септември во Скопје го промовира второто издание на публикацијата “Проекти на граѓанските организации во Македонија”. Во неа се содржани информации за дел од проектите што граѓанските организации ги спроведувале во текот на  2002/2003 година. Вклучени се 658 проекти на граѓански организации (чиј буџет е над 150.000 МКД) од постоечките 5.312 регистрирани организации, кои се опфатени во Адресарот издаден од МЦМС. Податоците за публикацијата се собрани со помош на анкетари, кои дејствуваа на целата територија на Македонија.

Публикацијата нуди одговор на прашањата: што работат граѓанските организации, кому му се наменети нивните активности, колку чинат опишаните активности, но исто така, колкав е бројот на лицата што биле ангажирани да се реализираат активностите, или колкава е бројката на оние кои директно имале корист од спроведените проекти. Анализата на активностите презентирани во публикацијата говори дека 67% од проектите  се за информирање и лобирање, 17% за обука, а 15% отпаѓаат на останатите активности. Најголем дел од  проектите се спроведени за три групи корисници: лица со посебни потреби, деца и млади и жени.                  

Г.Ш.