Волонтерски тим „Нео“
Аукција за собирање хуманитарна помош
Волонтерскиот тим „Нео“, како што се нарекува групата ентузијасти кои работат во рамките на здружението „Вигор“ од Штип, организира мошне интересен настан на 16 октомври годинава во Музејот на град Скопје – продажна изложба на донирани уметнички дела. Приходот од оваа активност е наменет за хуманитарни цели, односно, за отворање клуб за хендикепирани лица во Штип.
Иако на оваа изложба не беа прибрани онолку средства колку што се очекуваше, тоа беше убав обид и кај нас да заживее донаторството преку аукции на предмети, како средство кое во светот го користат многу здруженија на граѓани за спроведување на нивните активности. Волонтерскиот тим „Нео“ планира да продолжи со вакви и слични активности – наредната ќе се одржи во Штип. Инаку, оваа активност финансиски ја поддржа Швајцарската агенција за развој и соработка.
М.И.
|