НАСТАНИ

ДЕМОКРАТИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ВО СЕЛОТО БРЊАРЦИ

Реконструкција на училиштето

Во рамките на Програмата за враќање на раслените лица на МЦМС, чија цел е обновувањето на животот во подрачјата зафатени со неколкумесечните вооружени конфликти во Македонија, на десетти минатиот месец заврши реконструкцијата на училиштето во селото Брњарци кое се наоѓа на еден километар од селото Арачиново.


Целта на оваа програма е да се поттикне и помогне процесот на враќање на раселените лица во нивните домови, преку обезбедување на неопходните јавни функции во населените места во кои се враќаат луѓето. МЦМС за таа цел обезбедува материјали и стручни лица за поправка на оштетените инфраструктурни објекти и инсталации.
Неколку од гранатите кои во воените судири паднале во селото Брњарци завршиле во дворот на основното училиште при што целосно била уништена влезната врата и искршени сите прозорци, а штета биле направена и внатре во училницата.
МЦМС ги идентификува штетите и започна со реконструкцијата на училиштето. Зградата на училиштето беше една од приоритетните поради почетокот на учебната година. Освен влезната врата, заменети се и сите искршени прозорци и офарбана е дрвенаријата на прозорците и вратите, обелени се училниците и другите простории на училиштето.
Во училиштето, во кое се одржува настава до четврто одделение, ангажирана е само една учителка. Таа се грижи за образовнието на 18 ученици од прво, трето и четврто одделение. Засега, наставата не ја посетуваат сите де­ца, затоа што дел од нив со нивните родители си уште се надвор од селото.
Г. Јаковлеска