ДЕМОКРАТИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

 МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ

 Медиумите и конфликтот

Медиумите и конфликтот во Македонија беше темата на еднодневната конференција што се одржа на 14 септември годинава во Скопје, во организација на Македонскиот институт за медиуми, Freedom Forum од Лондон и IREX ProMedia-Македонија.


Посебен интерес на оваа конференција, посетена од многу новинари, но и луѓе од други професии, беше првата панел-дис­ку­сија на тема „Како медиумите во Маке­до­нија го покри­ваат кон­фликтот: Дали и зошто медиумите во Македо­нија известуваат раз­лично за ист настан?” Модераторот на оваа панел-дискусија, г. Климе Бабунски, претседател на НВО „Про медиа”, изврши презентација на новинарски текстови и снимки од телевизиски инфор­мативни емисии, од кои беше јасно видлива различноста во известувањето за еден ист настан, посебно кога се работи за медиумите на македонски и на албански јазик.

Интерес предизвикаа и втората панел-дискусија на тема „Известување за другиот”, со модераторот Мили­ца Пешиќ од „Diversity Network” , како и тре­тата панел-дис­ку­сија на која беше даден осврт на начинот на којшто странските но­ви­на­ри известуваат за конфликтот во Маке­до­нија – „Дали нови­нарите од западните медиуми објективно известуваат за настаните во Македонија?” (со модераторите Анабел Мек Голдрик и Џејк Линч од „Reporting the World”).
Конференцијата беше проследена со изложбата на фотографии на фото­ре­портерот Рон Хавив, насловена како „Мед и крв – Балкански воен дневник”. На излож­бата, поставена во Музејот на совре­мена уметност во Скопје, Рон Хавив преку фотографиите го претстави своето видување на воените конфликти на тлото на поране­шна Југославија, почнувајќи од Хрватска и Босна, преку Косово, до Македонија.