АГТИС

Непристоен предлог до судството

Книгата “Непристоен предлог до судството”, која ја издаде здружението АГТИС, е дел од истоимениот проект, чија цел е да помогне во дискусискиот процес на реформата на судството во нашата држава. Проектот е поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и од  Орга­ни­зацијата за безбедност и со­работка во Европа – ОБСЕ. Повеќе информации за проектот можете да добиете на www.judiciaryreforms.com.mk

 

НАЦИОНАЛЕН ПОРТАЛ ЗА ТУРИЗАМ

Откријте ја Македонија

Македонија, конечно, доби нмационален портал за туризам, преку кој можат да се добијат информации не само за природните, културните и другите вредности на нашата држава, туку и за сместувањето, тран­спортот и други корисни информации. По­веќе на www.exploringmacedonia.com.



Европска куќа - Скопје

Човекови права и слободи во Југоисточна Европа - Проблеми и решенија

Публикацијата “Човекови права и слободи во Југоисточна Европа - Проблеми и решенија” е резултат на истоимениот проект, во кој учествуваа 24 активисти на граѓанските организации од Албанија, од Босна и Херцеговина, од Хрватска, од Македонија и од Србија и Црна Гора и Косово. Младите луѓе прибираа информации за состојбата со човековите права и слободи во нивните земји, кои во форма на извештаи беа презентирани на  семинар што во организација на Европска куќа Ско­пје беше одржан од 21 до 25 јануари во Скопје.