Отворена порта започна кампања на локално ниво

Борба против трговијата со луѓе во Македонија

На почетокот на февруари стар­тува првата кампања на ло­кал­но ни­­во   за имплементација на про­ек­­­­тот “Борба против тр­го­вијата со луѓе во Маке­до­ни­ја” што го спро­ведува граѓан­ска­та органи­за­ција Отворена порта, со фи­нан­сиска поддршка од Ка­то­­лич­­ки­те сервиси за помош (ЦРС) - Маке­до­нија. Целта на проектот е по­ди­г­ање на јавната свест во од­нос на оваа про­бле­ма­ти­ка, ка­ко и директна поддршка на жртви­те од трговијата со лу­ѓе, за што е пред­видено реали­зи­ра­ње три кам­пањи, и тоа две на ло­кално и една на национално ниво. Во проектот како партнери на Отворена порта се јавуваат де­­вет граѓански организации кои се дел од Националната не­формална мрежа што функционира повеќе од една го­ди­на. Тие во своите градови и околината ќе имплементираат медиумски активности, ќе од­ржу­ваат трибини, дебати, ра­бо­тил­ници, едукативно-пре­вентивни лекции, делење ма­те­ри­ја­ли итн. Втората кам­пања на локално ниво е пред­ви­дена за октомври 2005 го­ди­на, до­де­ка пак за кам­па­ња­та на национално ниво што тре­ба да започне во јуни е пред­ви­де­на промоција на 30-ми­ну­тен филм кој ќе пос­лу­жи ка­ко метод за подигање на свеста на граѓаните во од­нос на трговијата со луѓе и како пре­вен­ција од евентуално на­влегување во мрежата на трговијата со луѓе. За нацио­нал­ната кампања се пред­ви­де­ни и бројни активности, меѓу кои и печатење билборди, превен­тив­но-едукативни работилници итн.        К.Б.