Календар
8 ноември: Ден на урбаните регии
Осми ноември е прогласен за ден на урбаните регии. На овој датум луѓето се потсетуваат дека нивните населби и градови треба да се разиваат во согласност со околната природа, но и според капацитетот на секој урбан систем поодделно. И тука е неопходно да се примени принципот на одржлив развој и да не се надмине прагот на издржливост на урбаната целина.
9 ноември: Против фашизмот и антисемитизмот
Денот посветен на борбата против фашизмот и антисемитизмот е ден кога уште еднаш гласно треба да се предупреди дека овие две големи закани за слободниот свет се сеуште мошне актуелни денес. Борбата против фашизмот и антисемитизмот треба да опфати широка акција на владите и невладиниот сектор и меѓународна соработка.
14 ноември: Светски ден на науката
Знаењето е моќ, а денот посветен на науката е фокусиран пред се на младите, кои се поттикнуваат да го прошируваат и продлабочуваат знаењето. Пораките од овој ден истовремено предупредуваат дека знаењето и научните придобивки се оправдани единствено ако се користат за сочувување на мирот и просперитетот на сите луѓе на овој свет.
18 ноември: Форум за мултукултурализам
На 18 ноември во Скопје, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организира еднодневен форум “Мултикултурализмот во Македонија – модел во настанување”. Ќе се дискутира за проблемите и предизвизите на мултикултурното општество во Македонија, но и за мултукултурната традиција на други држави од светот.
18-19 ноември: Самит на електронското новинарство
Во Виламура, Португалија, од 18 до 19 ноември 2004 година ќе се одржи најголемиот самит на електронските медиуми - “Нењс Џцханге”. Ќе присуствуваат околу 500 професионалци од Европа. Овој настан го организира “Еуропеан Броадцастинг Унион”.
25 ноември: Кампања против насилството врз жената
Овој ден е посветен на меѓународните акции против насилството врз жената. Тој е истовремено старт на 6-месечната кампања која традиционално се спроведува во повеќе држави, а е посветена на борбата против семејното насилство, трговијата со жени и секој друг вид насилство врз жените.
27 ноември: Ден без купување
На 27 ноември треба да се воздржиме од купување. Меѓународниот “Буѕ Нотхинг Даѕ” има за цел да ја намали еуфоријата на купувањето и да потсети на еколошките принципи кои повикуваат на помало создавање отпад, на преискористување на предметите и на рециклирањето како опција.
|