Зборник на Центарот за детска правда „Малиот голем Човек“

Правата на детето и малолетничката Правда

Зборникот на трудови под наслов „Прав­ата на детето и малолетничката правда“, на 10 февруари годинава, во Зградата на хума­нитарните организации Даре Џамбаз, беше промовирано од страна на Здружението за заштита на правата на детето и Центарот за детска правда „Малиот голем човек“. Ова е второ вакво издание на Здру­же­нието.

- Во март, мината го­дина, на истово место имавме про­моција на Центарот за детска пра­в­да „Малиот голем чо­век“. Еве не по една година на една друга промоција, на Збор­никот на трудови со на­слов „Правата на детето и ма­ло­лет­нич­ката правда“. Всуш­ност, овој збор­ник прет­­ставува резултат на дел од трудовите собрани на ми­нато­годишниот семинар, кон крајот на јуни во Охрид, кој имаше за цел запознавање со детските права, на кој учествуваа ек­сперти и еминентни гости од одре­дената област - истакна проф. д-р Владимир Ортаковски, претседател на Здру­же­нието.

Трудовите во Зборникот се поделени во четири области, односно поднаслови – правата на детето; малолетничка правда; децата во ризик; и, практика на Центарот за детска правда „Малиот голем човек“.

Во здружението „Малиот голем човек“ активни се професори, експерти од одре­дената област, социјални работници итн. Здружението работи на имплементација на Конвенцијата за правата на детето кон која што имаат пристапено 189 држави членки на ООН, меѓу кои во 1993 година се вброи и нашата држава. Република Македонија е должна на секои три години да подготвува извештај за правата на детето во својата земја.                                                   Д. М.