ПАСАЖ
Билтен за корисниците на дрога
Здружението “Пасаж” го издава истоимениот билтен, наменет за корисниците на дрога. Билтенот излегува периодично, на македонски и на албански јазик, финансиран е од ИХРД, а логистички е поддржан од ХОПС.
Во “Пасаж” можат да се најдат информации за превенција од заболувања кои им се закануваат на корисниците на дрога (како хепатитис или СИДА), каде и како можат да се тестираат или да се обратат за помош, а дадени се информации за советувалиштата и невладините организации кои работат на проблемот на дрогата. Покрај тоа, во “Пасаж” можат да се прочитаат лични искуства, интервјуа, поезија… Сите кои се заинтересирани за овој билтен можат да се обратат на телефонот 070/599-269.
|
|