БАЛКАНИК - Асоцијација за интернационална културна соработка

Интернационален фестивал за електронски уметности

Интернационалниот фестивал за електронски уметности, кој ја промовира ликовната експресија на современите визуелни и мултимедијални уметници од САД и од Македонија, се одржа во Скопје, во периодот од 1 до 9 октомври.

Асоцијацијата за интернационална  културна соработка  БАЛКАНИК беше организторот, а фестивалот е реализиран во рамките на првата фаза од проектот за културна размена помеѓу САД и Македонија. Беа претставени видеопроекти, проекти за интернет и медија дизајн, електронска музика, а американските и македонските предавачи одржаа тематски предавања и наменски работилници. Учествуваа повеќе уметници и изведувачи на електронска музика, средношколци и студенти, а фестивалот се одржуваше во Центарот за ментално здравје на заедниците, Клубот ЕЛЕМЕНТ, Музејот на Македонија и Куршумли ан. Во  неговата реализација помогнаа и Центарот за современи уметности, ФИООМ, Музејот на Македонија, Центарот за ментално здравје на заедниците, и „Драјв-тру студиос“ од Чикаго.       

Д.М