Меѓу Европејците, македонските граѓани најголеми противници на војната
Според истражувањето на Галуп интернационал, меѓу европските држави, граѓаните на Македонија се најголемите опоненти на воената интервенција на САД врз Ирак. Во истражувањето, 77% од анкетираните македонски граѓани сметаат дека не треба да се даде поддршка на воената интервенција во Ирак.
По Македонија, најголеми противници на војната од европските држави се Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Шпанија и Франција. Најголема поддршка на војната од европските држави даваат граѓаните на Романија, Велика Британија и Албанија.
|