РЕЦ

Проценка на влијанијата врз животната средина

Во рамките на проектот “Поддршка на македонскиот правен систем преку вклу­чување на меѓународните процедури за оценка на влијанието врз животната сре­дина”, финансиран од Јапонскиот спе­цијален фонд, на 22/23 јануари во Скопје се одржа средба на која се разговараше за овој проблем. Проектот го спроведува Регио­налниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа – РЕЦ, а на средбата присуствуваа претставници на владини органи, невла­дини организации, институции и бизнис-секторот.

Целта на оваа средба е да се презентира сегашната состојба за спроведување на процедурите за оценка на влијанијата врз животната средина и да се исползуваат искуствата однадвор, за поуспешно креирање домашна законска регулативе како об­врска во рамките на прилагодувањето на зако­нодавството кон стандардите на ЕУ. Законот за проценка на влијанијата врз животната средина е акт кој наскоро во овој контекст ќе мора да го донесе и Македонија.

М.И.