ФОРУМ СИД - МАКЕДОНИЈА
Младински клубови во Скопје и во Тетово
Граѓанската организација Форум сид - Македонија на 22 феврари и на 10 март 2006 година и официјално ги отвори младинските клубови во Скопје и во Тетово. “Клубовите се отворени за сите млади кои ќе сакаат во слободното време да ги реализираат своите афинитети и креативни с Томшиќ-Стојковска од Форум сид.
Активностите ќе бидат насочени кон подигање на нивото на толеранција и заедничко живеење во етнички мешаните средини, при што ќе се изведуваат работилници коишто ќе произлезат од потребите на младите луѓе во општината, како на пример: здрави животни стилови, развивање социјални вештини, креативност и уметност, толеранција, ненасилство, фотоработилници, како и тематски ориентирани активности и дебати. Отворањето на двата младински клуба е направено во соработка со локалната самоуправа.
“Општините Карпош и Тетово ни отстапија бесплатен простор за да можеме да ги воспоставиме клубовите”, вели Томшиќ-Стојковска. Услугите на двата клуба досега ги користат повеќе од 200 млади луѓе. Дел од нив се студентите од универзитетскиот курс на Форум сид.
Проектот е финансиран од Шведската агенција за развој (СИДА).
Форум сид ги повикува сите заинтересирани млади да ги посетат младинските клубови коишто се наоѓаат на ул. “Фјодор Достоевски” бр. 2 (МЗ Влае 2) во Скопје и во административната барака на општината Тетово (до седиштето на општината Тетово).
|
|