Заедничка акција на граѓанскиот, државниот и бизнис-секторот
Солидарноста не познава граници и ограничување
Со акцијата под мотото “Солидарноста не познава граници и ограничување Граѓанските здруженија”, ЗГ Новинари за права на жените и децата и заштита на животната средина на Македонија, Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци, Црвениот крст на Македонија и Македонски телекомуникации и Републичкиот завод за трансфузиологија на 22 септември им ја предадоа хуманитарната помош на бегалците во Царина, Преспа, и на Македонците од Мала Преспа, Албанија.
Помошта се состоеше од стара облека, обувки, средства за лична хигиена и книги коишто ги донираа вработените во Македонски телекомуникации, здруженијата на граѓани и сите други со добра волја и хуманост.
Благодарност за донираната помош, во името на жителите од Горна Горица, Долна Горица, Туминец, Глобочани и Зрново, од Мала Преспа, Р. Албанија, населени со македонско население, искажа градоначалникот на општината Горна Горица, Насте Трпески, потенцирајќи дека оваа помош е добредојдена за сите 5.500 жители на општината, а посебно за училиштето во Долна Горица кое доби македонска литература за основношколците.
Акцијата траеше до 15 септември, а граѓаните ги оставаа своите прилози во просториите на Центарот за меѓуетничка толетранција и бегалци (Феријален дом) во Скопје.
За секакви информации поврзани со овој настан можете да се обратите на тел. 02/2462-590 или на 070/277-619, или пак во просториите на организаторите.
Д.М.
|