Како до успешни „мулти-култи“ активности?
Искрени цели
албански
Низ серија статии би сакал да ги елаборирам принципите коишто треба да се имаат предвид при работата со благородните вредности на мирот, посебно во Македонија и во регионот. Текстот е белешка на моето искуство во работа со темите: мир, толеранција и ненасилство. Поради тоа, веројатно носат и одреден субјективизам затоа што и јас сум дел од приказната и ја кажувам неа како што јас ја гледам.
Што е тоа мулти–култи?
“Мулти–култи” се сите активности коишто како главна цел го имаат мултикултурализмот со сите последователни благородни вредности што произлегуваат од него. Тој би требало да е едукативен концепт којшто ги охрабрува и поттикнува интересите за проучување на различните културни традиции, обичаи и вредности во едно место, како што е нашето. За да се избегне креирањето клишеа, активностите поврзани со мултикултурализмот често се нарекувани “мулти-култи” и “мултивитамински” дури и од самите спроведувачи на активностите.
Повеќето активности коишто го допираат прашањето на мирот во фокусот го имаат и мултикултурализмот. Другите теми во фокусот секако се помирувањето, толеранцијата, ненасилството, ненасилната комуникација, перцепциите, стереотипите, предрасудите и др. Поради тоа, има потреба да се зборува и дебатира повеќе за мултикултурализмот од еден практичен агол, анализирајќи ги неопходните и потребните елементи при успешна имплементација на мировни проекти.
Верба во вредностите што се промовираат
Да се биде “агент на промени” во општеството не треба единствено да имате, или да мислите дека имате добро знаење и волја да се здобиете со материјални придобивки. Ќе го промените општеството кога и вие ќе станете дел од приказната што сакате да ја слушне целиот свет. Ова посебно важи за тие агенти на промени коишто работат или сакаат да работат во области коишто ги покриваат моралните, етичките и обичајните вредности, било тоа да се стари или нови. Кога се работи со благородните вредности како мирот, хуманоста и мултикутурализмот несомнено ќе ви треба многу повеќе од мотиви за материјални придобивки. Ќе ви треба да се самооцените и вреднувате. Прво, дали знаете да направите објективна разлика помеѓу доброто и лошото (карактеристика на интелигентните хомосапиенси). Второ, дали вашите убедувања, ставови и вредности не се во судир со вредностите коишто треба да ги промовирате. С$ на с$, ќе треба да имате искрени намери за да можете да ја видите промената таму каде што сакате. Скриените цели, ако не излезат на виделина во моментот, бидете сигурни дека ќе ги почувствувате од резултатите коишто на крајот ќе бидат матни, магливи и сувопарни. На крајот на краиштата, за што ги правиме проектите? Најверојатно да имаме некоја лична стаисфакција, која ја наоѓаме во резултатите.
Не може да промовирате вредности во коишто не верувате затоа што тоа ќе ви се рефлектира на резултатите, а тие, пак (резултатите), ја детерминираат судбината на секој од нас поединечно. Колку добри резултати ќе постигнеме во и за општеството, толку ќе бидеме успешни во полињата во кои работиме, секако, теба да се има предвид континуитетот, затоа што мала грешка може да н$ врати на почетокот.
Ваквото размислување можеби не соодветствува на времето на немаштија и во просторите каде што се преживува секој ден со избегнување удари од секаков вид. Но, ова би било само уште едно оправдување на оние што се немоќни, пасивни гледачи на уништувањето на нивниот свет и светот на нивните внуци/ки. Зошто? Затоа што само ако мрднеме од позиција на “НЕ можам” во позиција на “ДА можам”, ќе бидеме охрабрени да го промениме светот и с$ што ни пречи.
Нашата реалност не направила сурови и прилагодливи суштества за кои секое чудо навистина трае само три дена. Секогаш е лошо кога се менува нешто, но секако дека ќе се прифати ако тоа трае повеќе од три дена и ако не допира во нашиот тесен круг на интереси и човечки релации. Наопаку, пак, и ова може да биде една од стратегиите коишто може многу добро да се искористат од тие коишто работат со промовирање нови чувствителни вредност, дури и за тие што работат во областа на мирот.
Кај нас, за жал, граѓанскиот сектор работи со благородните вредности на мирот и мултикултурализмот од чисто лукративни цели. Нормално, тука има исклучоци што многу лесно можат да се забележат токму од резултатите коишто ги постигнуваат или од начините и процесите коишто придонесуваат кон токму таквите резултати.
************************
Досега веќе споменав неколку основни елементи и принципи коишто ќе придонесат вашите мировни проекти да бидат успешни. Принципите коишто се споменати погоре се само дел од персоналните карактеристики што треба да ги има еден водач или активист на мировни проекти. Во наредните текстови поконкретно ќе зборувам за дополнителните елементи потребни за успешни проекти во областа на мирот, како што се: еднаквоста, репрезентативноста, неутралноста, вклученоста, социјализацијата, хуморот, авторитетот итн.
Алберт Хани,
Обучувач за менаџмент на конфликти
|