Истражување

Власта не води сметка за граѓаните 

Во Македонија постои голема подвоеност меѓу власта и граѓаните во претходната декада, се сознанијата до кои дојде невладината организација  Проектот ПЕВ за заедничка визија, во рамките на Проектот ВСП Интернационал за “Надминување конфликти и градење траен мир”.

Проектот се реализира на почетокот на годинава, преку интензивни видео и аудиозаписи со над 3.000 испитаници од 24 населени места, со цел да се утврдат оценки за демократскиот карактер на др­жавава и рефлектирањето на кризата во различните области од животот. Според гра­ѓаните, власта не водела сметка за проблемите и потребите на граѓаните, тие се препуштени самите на себе, а се соочуваат со енормна безработица, економска беда и социјална несигурност. Спасот од ваквата состојба тие ја гледаат во приклучувањето кон ЕУ и НАТО. Испитаниците се изјасниле дека не пос­тои омраза или недоверба меѓу Маке­дон­ците и Албанците, како ни меѓу овие и дру­гите заедници. “Македонија им при­паѓа на граѓаните”, стои во одговорите на најголем број анкетирани, кои иднината на државава ја гледаат како мултиетничко општество. На прашањето дали државава е поделено општество, 58,2 отсто одговориле дека се согласуваат со таа констатација, а 33 отсто дека е унитарна. Над 70 отсто сметаат дека законите не важат на целата територија на Македонија, а нив не ги почитуваат најголем дел од испитаниците во анкетите. Над 90 отсто одговориле дека законите ги почитуваат, пред с$ сиромашните. Граѓаните ја при­фаќаат имплементацијата на Охрид­скиот договор, а неговите решенија како ле­гитимни. За поголемиот дел од нив се неприфатливи оние решенија кои на глобално ниво значат воведување два службени јазици, како и официјално користење на етничките симболи.

Ж.Ѓ.