Донатори: ГЕРМАНСКО ДРУШТВО ЗА ТЕХНИЧКА СОРАБОТКА – ГТЗ

Македонско-германска развојна соработка

Владата на СР Германија меѓу првите земји, веднаш по осамостојувањето на Република Македонија, покажа интерес да обезбеди финансиска и техничка поддршка на Владата на РМ во надминувањето на присутните проблеми во развојот.
Начинот и условите за имплементација на техничката помош се дефинирани во Спо­годбата за билатерална развојна тех­ничка соработка меѓу Владата на Репуб­лика Маке­донија и Владата на Сојузна Република Германија, која е ратификувана од Парла­ментот на 27 јануари 2000 година. Надлежно министерсво за би­латерална соработка помеѓу владите на Гер­манија и Македонија е Сојузното министерство за економска соработка, а во име на Владата на Република Македонија билатералната сора­ботка ја координира Министерството за фи­нансии.
Реализацијата на развојните проекти во доменот на Техничката соработка, за коишто германската влада обезбедува финансиска поддршка се остварува во соработка со Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ-ГмбХ). Тоа е институција, основана во 1975 година од Германската сојузна влада, која делува по налог на Сојузното Ми­нистерство за еко­номска соработка и развој (БМЗ).
Германско-македонската развојна соработка е првенствено насочена кон политичка, економска и инсти­туционална стабилизација на Република Македонија, како и на регио­нот, кон поддршка на раз­војот на граѓанското општество и демократијата, реформа на јав­ната администрација, зајак­ну­вање на трговската и економска соработка, јакнење на нацио­налната и регионалната безбедност.
По осамостојувањето на Македонија, први­чната Германско-македонска тахничка сора­ботка беше концентрирана на проекти за имплементација на ургентни мерки. Така, оваа почетна фаза беше фокусирана на поддршка на основните услуги во здрав­ството, итна реха­билитација на системите за наводнување, како и помош во планирањето на сообраќајната инфраструктура. Исто така, уште на самиот почеток, преку експертизи, беше даден придонес во процесите на економска и социјална тран­зиција.
Во следната фаза, оваа рана техничка соработка се прошири во други сектори и се зајакна во доменот на еко­номската про­моција. Пакетот на под­дршка беше насочен кон осно­вање приватни претпријатија, поддршка на системот за контрола на храна, подготовка на нацрт-закони и целосна поддршка на сек­торот водостопанство.
При тековната фаза, соработката се прошири со проекти од областа на земјоделството, заштита на по­тро­шу­вачите и средното ст­ру­ч­но обра­зование.
Во поглед на за­ла­гањата на зем­јата за членство во ЕУ, Гер­манско-маке­дон­ска­та техничка сора­бот­ка преку своите прое­кти работи на апроксимација на законите и на стан­­­дар­дите  во сите сфери на сора­ботка. Сегаш­ниот домен на ра­бо­тење на ГТЗ во Македонија ги опфаќа следниве актив­ности и проекти: економски развој и вра­ботување (основање приватни претпријатија; обука за квалитативен ме­наџмент; промоција на инвестиции; маке­донска берза и други); вода и животна средина (рехабилитација на браните и водоснабдување во руралните области; помош во управувањето со водените ресурси; ЛЕАП-и и ЕАП за Скопје); зако­но­давство и апро­ксимација со ЕУ (советодавни услуги во процесот на асоцијација со ЕУ; при­лаго­дување на македонската легислатива кон стандардите на ЕУ; советодавни правни услуги во одделни сфери на економијата); социјални услуги (нега и третман на деца со физички и психички пречки во развојот).   

Д. М.