Кампања за жената на чело на ОН

Време е за жените

Уште од своето формирање во 1945 година, Обединетите нации ја прокламираат важноста на еднаквите права за жените и мажите, принцип којшто лежи во нивната основачка повелба; меѓутоа, досега нуту една жена не била на чело на ОН. Местото генерален секретар ќе се ослободи во декември оваа година, кога завршува петгодишниот мандат на Кофи Анан. „Еднаквост сега“ (Equality Now) ја предводи кампањата „Време е за жените“, која се базира врз принципот дека нееднаквиот пристап на жените во процесите на донесување одлуки насекаде во светот, а особено во ОН, го забавува напредокот кон целите на ОН за еднаквост, развој и мир.

Со 18 жени на листата на „Еднаквост сега”, кои се подеднакво квалификувани за горенаведената позиција и претстојното ослободување на канцела­ријата, кампањата добива во интензитет. За поната­мошни информации во врска со кампањата и начините за приклучување кон неа, посетете ја веб-страницата www.equalitynow.org.