Галичка свадба 2006
43-ТО “ДА” ВО ЦРКВАТА “СВЕТИ ПЕТАР И ПАВЛЕ”
На 15 и 16 јули оваа година се одржа 43-то издание на Галичката свадба. Оваа година Ирена Китановска и Томисла Лазаров од Скопје беа невестата и зетот кои според традиционалните галички обичаи го кажаа судбоноснота “да” на венчавањето во црквата “Свети Петар и Павле”. Овогодинешниот зет има потекло од Галичник и е долгогодишен учесник на Галичките свадби, познавач на традициите и обичаите. Вели дека за него било сосема природно својот брак да го склучи во духот на традицијата на мијаците.
Како и секоја година и оваа на Галичката свадба и претходеа и други културни збиднувања како што беше концертот на Драган Даутовски и неговиот квартет на кој дел им беше отстапен на мајсторите на тапан и зурла – Мајовци. На свадбата учествуваа и ансамблите за народни песни и ора “Кочо Рацин” и “Мирче Ацев”.
|
|