ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ВОЈНАТА ВО ИРАК
Дајте му шанса на мирот
Граѓаните на Скопје се одѕваа на повикот на неколку невладини организации: Хел­син­шкиот комитет за човекови права, Ми­ровна акција, МЦМС, ФИООМ, Одборот за миров­ни граѓански иницијативи, Социјалниот форум на Европа и други, и во неделата, на 15 февруари годинава, излегоа да го искажат својот протест против воената интервенција на САД врз Ирак.