Форум во организација на „ДОСТА Е“

„Може ли Македонија без оружје?“

Во организација на граѓанската платформа „ДОСТА Е“ на 9 октомври во Скопје беше одржан форумот „Може ли Македонија без оружје?“, каде учествуваа претставници на граѓански организации, владини институции и граѓани. Како модератори се јавија повеќе истакнати личности и лидери на граѓански организации и мрежи, како и владини претставници.

Учесниците на форумот дискутираа за тоа дали Македонија може или не без оружје, за улогата на граѓанските организации во имплементацијата на законот за доброволно предавање и собирање на огненото оружје и за легализација на оружјето, беа претставени  активните мрежи и коалиции на граѓански организации, се говореше и за соработка меѓу Владата и секторот на граѓанските организации, а беа утврдени и идните приоритети на „ДОСТА Е“.

Д.М.