Асоцијација за социо-економски развој

Поддршка на одржливиот социјален и економски развој

Асоцијацијата за социо-економски развој (АСД) е граѓанска организација формирана во јули, 2002 година. Во неа членуваат економисти, социолози и други истражувачи, кои се фокусирани на различни теми од социјалниот и економскиот развој на земјава. Главна цел на организацијата е подршка на институциите, политиката и активностите за промоција на одржлив социјален и економски развој.

Поспецифично, целите на АСД вклучуваат динамичен економски пораст, пораст на вработеноста, пораст на мобилноста на работната сила, ублажување на невработеноста и сиромаштијата, намалување на економската нееднаквост, соодветно насочување на социјалниот трансфер, подигнување на животниот стандард, подобрување на образованието и здравствената заштита, како и зголемување на учеството на граѓаните во политичкиот и социјалниот процес.

За постигнување на горенаведените цели, АСД презема активности, како што се: истражување и подготовка на стратешки документи, издавање книги и публикации во печатена и во електронска форма, организирање симпозиуми и семинари и организирање јавни предавања поврзани со развојниот процес итн.

Адресата на Асоцијацијата за социо-економски развој е “Никола Русински” 6/1-15, 1000 Скопје, Македонија, а можете да контактирате со нив на тел. 02/2452-054, на факсот 02/2260-350, или по електронски пат на еконразвојЖѕахоо.цом.

Д.М