МАК АКЦИЈА
Зрак – списание за млади волонтери
Во рамките на проектот „Мак акција“ што во по­веќе градови во Маке­донија се спроведува како дел од Иницијативата за самопомош на УСАИД, издаден е првиот број на списанието за млади во­лон­тери „Зрак“. Списанието е издадено во соработка со средношколците од Еко­номското училиште „Јовче Тесличков“ од Велес и има за цел да се поттикне и афирмира волонтерството, не само меѓу младите, туку и меѓу целото население.
АКАДЕМСКИ ПОЛИТИЧКИ ЖУРНАЛ
Нова балканска политика
Во издание на здру­же­нието „Јан Колинс“ од Скопје излегува един­ствениот македонски ака­демски политички журнал „Нова балканска по­ли­тика“. Журналот изле­гу­ва периодично (кварте­рно), а во последниот број се пренесени текстови на темите: Косово и неговото влијание во Македонија, Теории за социологијата на етничките конфликти, Македонија, Историја, Меѓународни поли­тики. Журналот излегува со поддршка на Амбасадата на Холандија во Македонија.
КОНТРАПУНКТ
Нешто друго
„Нешто друго“ е детска сликовница која треба да ја прочитаат и воз­расните. Зборува за исклучувањата, за лаж­ниот елитизам, за ед­наквоста, за човековите вредности, за демо­кратијата и за многу други нешта. Ја издаде „Контрапункт“, како дел од проектот „Слевање на маргините“, со поддршка на Прохелвеција и на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
„Чиста енергија - сончева енергија“
Здружението на граѓаните Проактива од Скопје, во рамките на проектот „Сонцето - нашата иднина“, ја издаде од печат публикацијата „Чиста енергија - сончева енергија“. Во неа се застапени општите информации за сончевата енергија, за можните начини за нејзино искористување и претворање во топлинска и електрична, како и информации за сончевиот потенцијал во Република Македонија.

ВО ИЗДАНИЕ НА ТРИ ЗДРУЖЕНИЈА
Имам право да знам