|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Волонтерски тим „Нео“
Аукција за собирање хуманитарна помош
Волонтерскиот тим „Нео“, како што се нарекува групата ентузијасти кои работат во рамките на здружението „Вигор“ од Штип, организира мошне интересен настан на 16 октомври годинава во Музејот на град Скопје – продажна изложба на донирани уметнички дела. Приходот од оваа активност е наменет за хуманитарни цели, односно, за отворање клуб за хендикепирани лица во Штип.
Иако на оваа изложба не беа прибрани онолку средства колку што се очекуваше, тоа беше убав обид и кај нас да заживее донаторството преку аукции на предмети, како средство кое во светот го користат многу здруженија на граѓани за спроведување на нивните активности. Волонтерскиот тим „Нео“ планира да продолжи со вакви и слични активности – наредната ќе се одржи во Штип. Инаку, оваа активност финансиски ја поддржа Швајцарската агенција за развој и соработка.
М.И.
|
|
|
|
БАЛКАНИК - Асоцијација за интернационална културна соработка
Интернационален фестивал за електронски уметностиИнтернационалниот фестивал за електронски уметности, кој ја промовира ликовната експресија на современите визуелни и мултимедијални уметници од САД и од Македонија, се одржа во Скопје, во периодот од 1 до 9 октомври. |  |
ФИООМ
Културна деконтаминацијаФондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФОСИМ), во рамките на својата Програма за културна деконтаминација, на 3 октомври во Скопје го организира првиот Експертски форум. Форумот го отвори премиерот на Владата на Република Македонија, г. Бранко Црвенковски, а воведен збор даде извршниот директор на Фондацијата, г. Владимир Милчин. |  |
| Презентиран проектот „Детско село- Мариово“
Уметноста го враќа животот во напуштениот крај„Детско село-Мариово“, е насловот на проектот што на почетокот на октомври беше промовиран во Битола, од страна на хуманитарната организација „Самарјанин“, Граѓански патеки и општината Старавина. Истовремено е одржана и аукција на слики од италијанска уметничка Лаура Симоне. |  |
|
Волонтерски тим „Нео“
Аукција за собирање хуманитарна помошВолонтерскиот тим „Нео“, како што се нарекува групата ентузијасти кои работат во рамките на здружението „Вигор“ од Штип, организира мошне интересен настан на 16 октомври годинава во Музејот на град Скопје – продажна изложба на донирани уметнички дела. Приходот од оваа активност е наменет за хуманитарни цели, односно, за отворање клуб за хендикепирани лица во Штип. |  |
|
|