|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ФИООМ
Културна деконтаминација
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФОСИМ), во рамките на својата Програма за културна деконтаминација, на 3 октомври во Скопје го организира првиот Експертски форум. Форумот го отвори премиерот на Владата на Република Македонија, г. Бранко Црвенковски, а воведен збор даде извршниот директор на Фондацијата, г. Владимир Милчин.
Форумот има за цел да отвори квалитетен дијалог за културните идентитети, етнокултурните дистанци и милитаристичките вредности во постконфликтниот период, како и да придонесе за одредување на заедничките културни вредности на граѓаните на Македонија. На Форумот беа презентирани резултатите од четири релевантни истражувања, кои беа поддржани од ФОСИМ во текот на годинава. Учесниците работеа во три работни групи на провокативни теми:
- Тензии во културата: индивидуализам наспрема колективизам;
- Етнокултурни дистанци: како против нив; и,
- Кои се заедничките културни вредности на граѓаните на Македонија.
На форумот учествуваа 30-тина интелектуалци - новинари, научници, културолози, социолози и експерти од други профили. Нивните тези по овие прашања ќе бидат публикувани во книга. М.И.
|
|
|
|
БАЛКАНИК - Асоцијација за интернационална културна соработка
Интернационален фестивал за електронски уметностиИнтернационалниот фестивал за електронски уметности, кој ја промовира ликовната експресија на современите визуелни и мултимедијални уметници од САД и од Македонија, се одржа во Скопје, во периодот од 1 до 9 октомври. |  |
ФИООМ
Културна деконтаминацијаФондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФОСИМ), во рамките на својата Програма за културна деконтаминација, на 3 октомври во Скопје го организира првиот Експертски форум. Форумот го отвори премиерот на Владата на Република Македонија, г. Бранко Црвенковски, а воведен збор даде извршниот директор на Фондацијата, г. Владимир Милчин. |  |
| Презентиран проектот „Детско село- Мариово“
Уметноста го враќа животот во напуштениот крај„Детско село-Мариово“, е насловот на проектот што на почетокот на октомври беше промовиран во Битола, од страна на хуманитарната организација „Самарјанин“, Граѓански патеки и општината Старавина. Истовремено е одржана и аукција на слики од италијанска уметничка Лаура Симоне. |  |
|
Волонтерски тим „Нео“
Аукција за собирање хуманитарна помошВолонтерскиот тим „Нео“, како што се нарекува групата ентузијасти кои работат во рамките на здружението „Вигор“ од Штип, организира мошне интересен настан на 16 октомври годинава во Музејот на град Скопје – продажна изложба на донирани уметнички дела. Приходот од оваа активност е наменет за хуманитарни цели, односно, за отворање клуб за хендикепирани лица во Штип. |  |
|
|